Синди Крафорд во бикини покажа дека годините се само бројка- фановите воодушевени

Синди Крафорд, поранешна манекенка која важи за една од најубавите жени на светот, неодамна е фотографирана како се релаксира на плажа во Канкун, каде се забавува со пријателите.

58-годишната позната манекенка е фотографирана како ужива на морето во црвено бикини со пуштена коса и очила за сонце, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.

Синди на Инстаграм објави фотографии на кои покажа како таа и нејзиниот сопруг Ранде Гербер ја прославуваат 20-годишнината од бракот, а нивните пријатели им посакаа среќа.

Да потсетиме дека Синди се прослави во 90-тите како членка на групата популарно наречена „Големата петорка“. Заедно со неа на листата се најдоа и Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, Наоми Кембел и Клаудија Шифер.

Синди ја заврши манекенската кариера во 2000 година, а со сопругот Ранде е во брак од 1998 година, а заедно ги имаат синот Присли (24) и ќерката Каја (22). Инаку, познатата убавица неодамна на Инстаграм покажа како изгледа без шминка и со тоа уште еднаш ги воодушеви своите фанови.

"Правдата избега" е најсоодветен термин за трибина на ДПМНЕ по бегството на Груби

„Правдата избега“. По бегството или пуштањето на Артан Груби ова е најсоодветен термин за трибина на ДПМНЕ, кој ја отсликува реалноста. 

Наместо да се соочи со правдата, Груби бил пропуштен да избега. Токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да ја напушти државата.

Прашањето е зошто ДПМНЕ го пушти Груби, дали е тоа дел од договорот со ДУИ?

Јалови се обидите на ДПМНЕ да се оправда за тоа што дозволи правдата да избега. Очигледно е дека бегството на Груби е реализирано по истото сценарио како и она од летото на Блерим Рамадани. Границата со Косово, под директна надлежност на МВР и министерот Тошковски, останува неконтролирана.

ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се директно одговорни за бегството на Груби. Тој мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата а Тошковски да се соочи со одговорноста.

Соопштение - реакција на СДСМ на трибината на ДПМНЕ

СДСМ

За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, од нив скоро 20.000 македонски државјани

 На граничниот премин Табановце за неполн ден влегле над 26.500 граѓани, од нив речиси 20.000 македонски државјани, информираа денеска од МВР.

Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските.

- На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.

Граѓаните кои денеска се враќаа во земјава укажуваат дека се задржуваат помеѓу 20 и 30 минути за влез. Присуството на нашинците се забележува и во Куманово, зголемен е метежот и во градот. Вообичаено остануваат до завршување на празниците.

„Правдата доаѓа“ - трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче кон Груби гледал како на актер кој му овозможува на СДС и нему лично што повеќе да се задржат на власт.

На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој што истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија се со цел да се задржи СДС ден повеќе на власт.

„Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во лотарија толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата. Тоа беше цената заради која Ковачевски с е согласи наместо премиер да му биде асистент на вистинскиот човек кој што ја имаше моќта во власта а тоа беше Артан Груби. И затоа сметам дека и во овој случај на Лотарија Ковачевски има направено сериозен пропуст и тоа не е случаен технички пропуст тој има направено пропуст што на самата седница на влада има дозволено да се расправа за потпишување на нови концесии, дозволи и одобренија за видео лотарии и дополнителни игри на среќа онлајн иако знаел дека во законот за државна лотарија тоа е ограничено на само една таква концесија“ истакна Милошоски и додеде:

„Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДС се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Се што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДС беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце“ потенцира Милошоски.

Милошоски посочи дека Венко Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер, туку тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт.

„Доколку не постоеше поддршката од ДУИ во време кога СДС го имаше најнискиот рејтинг во 2023 2023 година Филипче немаше да биде министер, Ковачевски немаше да биде премиер, СДС немаше да биде на власт. Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт. А нивното задржување на власт било битно за да можат да работат на одредени набавки на Онкологија, на одредени набавки во РЕК Битола на одредени царински постапки, набавки во други институции и затоа сметам дека не треба да се очекува од Венко Филипче да се огради од Артан Груби затоа што Груби му помогнал и на Филипче и на Ковачевски и на целото СДС да останат на власт во моментите кога немале легитимитет и немале капацитет да бидат на власт.

Имаме феномен на партија која што 21 година ниеден функционер од таа партија, од ДУИ не бил соочен со одговорност пред правосудните органи.

Милошоски апелираше до надлежните институции да се позанимаваат со случајот Онкологија.

„Беше скандалот со клиниката за Онкологија, сметам дека тие материјали кои што тогаш ги обезбедивме и се јавно достапни до обвинителството можат многу да им послужат на обвинителите доколку имаат намера да го расчистат овој случај за предистрага или истрага во случајот со Онкологија. Имаше силни индиции дека главниот и движечки фактор на Онкологија биле набавките високите тендери и една доминантна веледрогерија, а за тоа според законот морал да знае тогашниот министер за здравство Венко Филипче и директорите. Би апелирал до надлежните институции и до обвинителството да се позанимаваат со овој случај“ истакна Милошоски.

Петрушевски: ДУИ има повеќе лица кои ги користи за да може да краде, додека конците се во СДС и Заев, а сега преку куклата Филипче

„Вие во најавата спомнавте за вистинското лице на ДУИ. Јас би споменал дека ДУИ има повеќе лица и ги користи тие лица, или маски по потреба исклучиво само за да може да краде. Тие беа национална партија на Албанците и преку таа реторика успеаја да дојдат на власт и да се одржат. Потоа се реформираа во зелена партија, исто и таа маска им беше потребна за да може да крадат. Потоа беа европска партија, промовираа европски вредности и тоа беше една од нивните маски“ , даде одговор пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во своето обраќање на денешната панел дискусија, каде се дебатираше на тема „Правдата доаѓа“.

Петрушевски во својот говор објасни за манипулациите кои ги прават ДУИ, притоа напомена дека за нивните криминали повеќе нема простор. Според него, потврда за истото е самиот факт дека ДУИ немаат поддршка од својот лекторат, што објаснува за нивните погрешни и штетни политики.

„Сега повторно стануваат национална партија, која штити одредени права кои воопшто не се загрозени. Меѓутоа тоа им е потребно за да се наметнат како некаков фактор на стабилност во државата, за да може да успеат да се вратат во власта. Апсолутно и ова лице им е прочитано.

Со вакво раководство ДУИ е завршена приказна и нема поддршка од својот лекторат“ , дециден е Петрушевски.

Петрушевски јасно подвелече дека ДУИ единствено што правеле е театар, со крајна цел да може да продолжи континуитетот на кражба од нивна страна. Образложи за разните маски кои ги употребуваат, но и додаде дека во краен случај секогаш се разоткриени од јавноста.

„Правеа драма, парада пред Уставен суд, електоратот не присуствуваше. Немаат поддршка за политиките кои ги промовираат, политики на барање оправдување како да дојдат на власт за да продолжат да крадат. Во општините каде што тие менаџираат со децении, не се решени основни инфраструктурни проблеми на граѓаните.Да сумирам, ДУИ има повеќе лица којшто ги користи исклучиво за да може да краде“ , посочи Петрушевски.

Петрушевски ја истакна поврзаноста СДС и ДУИ која е исклучиво за криминал. Притоа, посочи дека она што е клучно е фактот што опозицијата обвинува дека судството е партизирано, меѓутоа истите структури за кои обвинуваат се поставени токму од нив.

„Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се изврши сериозен притисок и преку јавноста во делот на почеток на постапување по високо профилираниот криминал, нешто што изостануваше изминатиов период. Мислам дека тоа е круцијалниот факт. И меѓународната јавност, нашите пријатели и домашната јавност заедно со граѓаните и Владата имаа симбиоза дека мора да почнат овие процеси за високо профилиран криминал да добиваат своја завршница и тоа се огледа во овој пионерски почеток на Владата кој се надевам ќе продолжи и во иднина“ , објасни Петрушевски.

Петрушевски преку својот говор испрати јасна и прецизна порака. Образложи дека кој и да ги води политиките во СДС, не ги води добро. Во овој контекст тој ја спомена и последната анкета која се спроведе вчера. Напомена дека разликата е евидентна. ВМРО-ДПМНЕ е партнер на граѓаните, додека во СДС, Филипче е само кукла и конците продолжува да ги држи Заев.

„Кој и да ги води политиките во СДС не ги води добро. Тоа може да се види од последната анкета која вчера излезе во јавноста. Разликата е огромна, 7 спрема 1 е разликата во однос на лидери на политички парти, 5 спрема 1 по однос на партии. Очигледно е дека и јавноста знае дека Филипче е само продолжение на она што биле и претходно. Очигледно е дека таму конците ги држи Заев, преку одредена кукла која треба да биде во името на Филипче. Мислам дека ова прашање му е јасно на секој еден граѓанин“ , заклучи Петрушевски.

Пренџов: СДС и ДУИ имаат само корупциска поврзаност, Лотарија е само почеток, ќе мора да се соочат со одговорност

Во рамките на денешната трибина “Правдата доаѓа“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот на Лотарија и проневерата на 8 милиони евра, при што ја истакна поврзаноста меѓу СДС и ДУИ. Пренџов посочи дека СДС и ДУИ манипулирале со јавноста за да останат на власт, додека новата политичка генерација која дојде по 8 мај има целосно различен пристап.

„Тие манипулираат на мантадна основа со цел да бидат подолго време во власта. Разликата помеѓу порано и сега во Македонија после 8 мај, работите не се исти и дојде нова политичка генерација која не планира да прави ништо друго освен право, правда и решавање на криминал и корупција“, нагласи Пренџов.

Пренџов во своето обраќање истакна дека случајот со Лотарија е само почеток и дека во иднина ќе излезат нови детали за поврзаноста на владеачките партии со овој проект.

„Ќе има уште работи кои ќе излегуваат, ова се првичните контури на целиот тој проект, условно кажано Лотарија. Потоа ќе излегуваат кој каде изнајмувал, а тоа сите го знаеле“, изјави Пренџов.

Пренџов нагласи дека поврзаноста меѓу СДС и ДУИ не е само политичка, туку и егзистенцијална. Според него, таа поврзаност била клучна за СДС да остане на власт без широка поддршка од јавноста, додека ДУИ ја има улогата на клучен партнер кој ги поставува правилата на игра.

„Тие имаа една поврзаност, и таа е повеќе од политичка поврзаност, јас би рекол дека тоа е егзистенцијална поврзаност. СДС поддршка од јавноста немаше никаква од анкетите, да вие без народна поддршка и легитимитет и кредибилитет да имате премиер и министри, а ДУИ да бидат оние кои што ќе бидат оние кои ќе ги пишуваат правилата на игра за да бидете на власт“, истакна Пренџов.

Пренџов исто така истакна дека оваа поврзаност ќе продолжи и во иднина, но со нови предизвици, кога политичарите ќе мора да се соочат со своите постапки.

„Од сега ќе имаат и друга поврзаност, ќе ги поврзува стравот од соочување со она кое што го правеле, поврзаност на одговорност, сите овие кои до вчера беа власт во Република Македонија, тоа е добро за пример за општеството и здраво за демократијата“, додаде Пренџов.

Пренџов нагласи дека нема повеќе место за политичари кои се обидуваат да ги избегнат последиците од своите дејства и дека правдата ќе мора да се реализира преку институциите.

„Пораката сериозно се испраќа дека во Република Македонија, 'како до сега' времето го нема, политичари кои ќе се пазарат веќе нема и кој што правел тоа ќе го видиме сите во јавноста и ќе се процесира низ институциите на системот“, заклучи Пренџов.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер