Симон Трпчески блескаво ја заокружи резиденцијалната серија концерти во Монте Карло

Минатиот месец оваа добитна концертна комбинација настапи и во Колмар, Франција. Пребирливата публика од својот миленик беше наградена и со изведба на бис (квартет од Брамс од албумот „Пријателство“).

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа во „Палатата на Принцот“ во Монте Карло со блескав настап го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година.

Овој пат, како што соопштуваат од КултурОп, публиката со овации ја поздрави изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс што Трпчески и овој реномиран оркестар го изведоа под диригентската палка на неговиот уметнички и музички раководител, маестро Казуки Јамада од Јапонија.

Минатиот месец оваа добитна концертна комбинација настапи и во Колмар, Франција. Пребирливата публика од својот миленик беше наградена и со изведба на бис (квартет од Брамс од албумот „Пријателство“).

Во рамките на резиденцијалниот престој што започна во октомври, минатата година, кога Трпчески на сцената во салата „Рение Трети“ со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло настапи со Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов, веќе во јануари годинава заедно со своите пријатели Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО.

Следеше целовечерен рецитал на кој Трпчески исполни програма со дела од Шопен, Моцарт, Чајковски/Плетњев, Бетовен и Прокофјев.

Богатиот концертен распоред на нашиот пијанист што изминатиот период го одведе на сцените во Соединетите Американски Држави, Швајцарија, Романија, Шкотска, Јужна Кореја и Германија, наредниве два месеца продолжува во Холандија, Франција, Германија, Шведска, Романија и Соединетите Американски Држави.

Анкета: 53 отсто од Французите веруваат дека владата на премиерот Барние треба да падне

  Според најновата анкета на јавното мислење, 53 отсто од Французите сметаат дека владата на премиерот Мишел Барние треба да падне поради незадоволството од неговиот предложен буџет.

Истражувањето на „Ifop-Fiducial“ покажа дека 67 отсто од испитаниците се против буџетскиот план, што вклучува зголемување на даноците и намалување на јавната потрошувачка со цел да се намали спиралата на државниот дефицит.

Триесет и три отсто испитаници се согласуваат со предложените мерки.

Според политички извори, владата на Барние би можела да падне пред Божиќ, па дури и следната недела, доколку опозицијата, вклучително и крајната десница и левица, одлучат да покренат предлог за доверба на владата, што најверојатно ќе резултира со нејзин пад, јавија француски медиуми.

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организација

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми.

За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен.

Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.

Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Украинските власти соопштија за голем руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Украинските власти рано утринава објавија за масовен напад на руските сили врз енергетската инфраструктура на земјата, поради што има прекин на електричната енергија во голем дел од државата.

Со температури околу нулата, „уште еднаш, енергетскиот сектор беше подложен на масовен напад од непријателот“, соопшти украинското Министерство за енергетика на Фејсбук.

Русија врши напад од големи размери против енергетската инфраструктура на Украина, објави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

„Напади на енергетските капацитети се извршуваат низ цела Украина. Операторот на електропреносниот систем Укренерго итно воведе вонредни прекини на струја“, напиша министерот на Фејсбук, додавајќи дека висината на штетата ќе биде проценета штом безбедносната ситуација дозволи.

Рано утринава Русија истрела крстосувачки ракети кон Украина, предизвикувајќи воздушна тревога низ целата земја.

Снабдувањето со електрична енергија во градовите Киев, Одеса и Днипро е прекинато, прецизираше операторот на мрежата ДТЕК.

Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, при што украинските воздухопловни сили известија за ракетни напади насочени главно кон регионите Одеса, Кировохрад, Херсон и Николаев.

Во вторникот, Русија го објави својот „одговор“ на двата нови украински напади со американски ракети ATACMS врз нејзината територија во последните денови. Од почетокот на нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија ги напаѓа цивилните области во Украина, а како што се приближува зимата, таа ги засили нападите, главно врз енергетската инфраструктура, јавија западни медиуми.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека синоќа уништило 25 украински беспилотни летала над областа Брјанск, Краснодарската област, Крим и Ростовската област.

притисни ентер