Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организација

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми.

За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен.

Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.

Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2).

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека на планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.

Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра

Европското јавно обвинителство во Рига (Летонија) и Вилнус (Литванија) во последните два дена мобилизираше 624 полициски службеници за претреси и апсења во 16 држави како дел од голема истрага за измама со ДДВ.

Според Европското јавно обвинителство, истрагата „Адмирал“ разоткрила криминален синдикат кој спроведувал сложена шема за измама со ДДВ преку трговија со електронски производи. Операцијата, која започнала во ноември 2022 година, се смета за најголема измама со ДДВ во историјата на ЕУ, со досега откриени штети од 2,9 милијарди евра.

Осомничените користеле „софистицирана криминална шема која ги искористила правилата на ЕУ за прекугранични трансакции меѓу земјите-членки, бидејќи тие се ослободени од данок на додадена вредност“.

Според истрагата, осомничените основале компании во 15 земји-членки на ЕУ кои дејствуваат како легитимни добавувачи на електронски стоки. Тие продале популарни електронски уреди во вредност од над 1,48 милијарди евра преку онлајн пазари на клиенти лоцирани во ЕУ.

Од своето основање, Европското јавно обвинителство главно се фокусираше на прекуграничната измама со ДДВ.

Во средината на ноември, истрагата „Моби Дик“ испитуваше потенцијална измама со ДДВ за 520 милиони евра, што доведе и до апсења во Бугарија. Според истрагата, луѓето поврзани со неколку мафијашки кланови создале високопрофитабилна шема за затајување данок.

Случајот „Моби Дик“ се фокусира и на даночна измама преку продажба на опрема и синџири на дилери, а главни осомничени се мафијаши од Италија./МИА

„Политико“: ЕУ размислува за намалување на својот дипломатски персонал ширум светот

 Одржувањето статус кво не е опција. На ЕУ и треба мрежа на делегации подобро прилагодена на новите политики и политички приоритети..

Под притисок на потребата за „стегање на ременот“, Европската комисија планира „драматично намалување“ на бројот на вработените во многу од мисиите и делегациите на ЕУ ширум светот, а за возврат да го зголеми персоналот во земјите каде што лежат примарните стратешки интерес на блокот, објави бриселскиот портал „Политико“.

Ваквата идеја доаѓа во време кога Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) го надмина одредениот буџет за 2024 година и се проценува дека во сегашната поставеност за следната година би и бил потребен поголем буџет, како резултат на зголемените трошоци и инфлацијата.

- Одржувањето статус кво не е опција. На ЕУ и треба мрежа на делегации подобро прилагодена на новите политики и политички приоритети... Тоа треба да се постигне со ограничен буџет, се вели во документ со ознаката „чувствително“ во кој увид имал „Политико“.

Во контекст на потребата од намалување на трошоците, се размислува за преиспитување на организациската поставеност на ЕЕАС и за поголема посветеност кон земјите од непосредното соседство на ЕУ и од Г20, на новите „политички и економски сили“ и на државите чија „нестабилноста претставува закана за интересите на ЕУ“.

Зајакнувањето на дипломатското присуство на ЕУ во овие земји во услови на намален буџет, би резултирало со намалување на персоналот во земји во Африка, Азија и Латинска Америка. Со идејата не се предвидува затворање на ниту една од сегашните 145 делегации и мисии на ЕУ ширум светот, кои ја имаат улогата на амбасади на Унијата, туку само „консолидирање на поголем број дипломати во регионални центри“.

Дополнително се предвидува и поврзување на делегациите на ЕУ во странство со тамошните претставништва на Европската инвестициска банка и на мисиите за цивилна заштита или хуманитарна помош.

Сепак претставници на ЕУ, кои побарале анонимност, за порталот изјавиле дека ваквиот потег ќе се одрази на влијанието на Унијата ширум светот и ЕУ ќе ја загуби својата дипломатска тежина во региони како Африка и Латинска Америка.

- Оставањето мали делегации на места како Судан или Нигер, само би било погрешна порака, особено во услови на американска администрација која веројатно ќе биде помалку заинтересирана за надворешниот свет. Ако оставиме само шеф на делегација и возач, тогаш тоа едноставно е погрешно, изјави анонимен претставник на ЕУ.

Негов колега, пак, вели дека ваквата идеја предизвикува сериозна загриженост дека земји како Русија или Кина „би можеле да го пополнат секој вакуум што го создава“ ЕУ, додека трет претставник на блокот изјави дека „наоколу лебдат чудни идеи“, како создавање регионален центар во Индија, кој би го покривал и нејзиниот главен ривал Пакистан.

Со ваквите мерки на кратење се предвидува дека без работа би останале речиси 800 локални службеници во делегациите и мисиите на ЕУ.

Претставник на ЕЕАС изјави дека во услови на ограничен буџет „на маса треба да се стават сите идеи“, иако, според него, ваквиот предлогот „не е созреан“.

Според извори во ЕУ, за овој предлог ќе се разговара во текот на декември откако на должност ќе стапи новата висока претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

притисни ентер