Силјановска Давкова за одлуката за помилување

Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото.

Силјановска Давкова во изјават за ТВ 21 денеска даде одговор зошто ја донела одлуката за помилување на десет осуденици, која опредизвика контроверзии во јавноста..

Во изјава дадена по свечената академија „Завет што обврзува”, претседателката Гордана Сиљановска Давкова за последните помилувања изјави „личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас“.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави претседателката Силјановска Давкова.

Македонската претседателка вчера донесе одлука за помилување на десет лица и тоа поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

Си Џинпинг ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за кризата во Украина

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика членките на БРИКС да се придржуваат на три основни принципа за деескалација на украинската криза: запирање на ширењето на воените операции, намалување на борбите и воздржување од провокации.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека лидерите на БРИКС покажале подготвеност да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина, и дека Русија ги цени тие напори. - Многу земји изразуваат желба да придонесат за решавање на конфликтот, а претседателот Путин го поздравува тоа, рече Песков.

На прашањето дали иницијативите на Кина и Бразил се обид за притисок врз Русија, Песков одговори дека „никако“ не е така.

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

 Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

притисни ентер