Шолц повика на воведување субвенции за електрични автомобили на ниво на ЕУ

 Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на воведување даночни и деловни субвенции низ Европа за електричните автомобили, што според него е добар начин да се спротивстави на кинеската конкуренција на пазарот на електрични автомобили.

Шолц рече дека најдобро би било „да се најде европско решение во врска со стимулации за купување“.

Тој ги даде своите коментари на темата по европскиот самит во Брисел и ги наведе даночните олеснувања или бонуси за купување како примери за такви стимулации.

Шолц, кој оваа недела беше изгласан да ја напушти функцијата во германскиот парламент, рече дека прекуграничните набавки на автомобили покажуваат колку е меѓусебно поврзан пазарот и дека затоа има потреба од пристап на ниво на ЕУ.

Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра

Во операција на Европол против шверцување на кеш во земјите-членки на ЕУ откриени и запленети се 2,7 милиони евра во кеш.

Во акцијата претресени се над 300 патници на аеродромите, пристаништата, железничките станици и границите на ЕУ, како поштенските пратки, при што се запленети злато и накит, вклучително и 18 златни плочки во вредност од над 1,7 милиони евра.

Операцијата беше предводена од француската царина во соработка до Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), а учествуваа и властите во Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска. /МИА

ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2 271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од „реалните“ повици, кон Полиција биле упатени 66,33 отсто , кон Итната медицинска помош 25,33, додека кон пожарникарите 1,67 отсто.

-Имало и 952 повика за итни случаи што е вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

-Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Радовиш, од 14.30 до 15.20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу еден декар во с.Калуѓерица и од Регионалниот ЦУК Тетово, информираат дека ТППЕ Гостивар имала една интервенција поради запалена бандера и просторот околу неа, во населбата „Питарница“, информира Центарот за управување со кризи.

Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода. 

-Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште, информираат од јавното претпријатие.

Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот Македонско-косовска бригада.

Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.

Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода.

притисни ентер