Шолц: Новата воена помош за Киев е сигнал до Путин

 Германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин вети дополнителни испораки на оружје за Киев во вредност од 1,4 милијарди евра.

Новата помош вклучува системи за противвоздушна одбрана, артилерија и беспилотни летала, рече Шолц.

- Германија останува цврсто на страната на Украина, истакна тој.

Шолц, исто така, ги осуди руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина, чија цел е да се скрши отпорот на населението против руската инвазија.

- Играњето на течење на време нема да успее. Нема да попуштиме во поддршката за Украина, рече Шолц на средбата со украинскиот претседател.

Двајцата лидери се согласија дека Русија мора да учествува на мировната конференција за да обезбеди праведен и траен мир за Украина, рече Шолц.

- Јасно е дека мирот може да се постигне само врз основа на меѓународното право. Ова ќе бара огромни напори, додаде германскиот канцелар.

- Нема да прифатиме мир диктиран од Русија, нагласи тој.

За време на состанокот во Берлин Зеленски треба да му ги претстави на Шолц деталите од својот план за победа.

Средбата со украинскиот претседател дојде на крајот од неговата европска турнеја, откако американскиот претседател Џо Бајден го откажа клучниот меѓународен самит во американската воздухопловна база во Германија поради ураганот Милтон.

Зеленски на состанокот во Берлин му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата поддршка против Русија.

- Германија ѝ помогна на нашата земја повеќе од другите со системите за противвоздушна одбрана, рече Зеленски на средбата.

- Тоа е факт. И тоа спаси илјадници украински животи, обезбедувајќи им на нашите градови и села заштита од рускиот терор, додаде тој. Зеленски рече дека противавионскиот топ Гепард и противракетните одбранбени системи „ИРИС-Т“ и „Патриот“ се непроценливи./МИА

Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини

Неодамна беше лансиран стандардот „USB4“, кој донесе брзина на пренос на податоци до 40 Gbps, но сега и ова е надминато.

„Elecom“ официјално стана првата компанија која ги сертифицираше своите „USB4 2.0“ кабли. Ова се првите „USB4 2.0“ кабли и ветуваат брзини кои се двојно повисоки од стандардните „USB4“.

Компанијата во моментов има за цел да објави две варијанти на своите нови „USB4 2.0“ кабли во декември, а основниот модел ќе понуди брзина на пренос на податоци од 80 Gbps и можност за полнење од 60 W. Вториот модел нуди уште поголема опција за полнење, од 240W @ 48V/5A.

Првите „USB4 2.0“ кабли во светот првично ќе бидат ограничени на јапонскиот пазар. Се очекува за неколку месеци да почнат да се појавуваат и на други пазари.

Интересно е што „Microsoft“ веќе започна со подготовка на „Windows 11“ за „USB4 2.0“ поддршка, а засега не се знае кога оваа поддршка ќе се појави во стабилниот софтверски канал.

Извор: Б92

Лула да Силва: Нема смисла американското Министерство за правда да бара информации од Сааб

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска изјави дека „нема смисла“ американското Министерство за правда да бара информации од шведската компанија Сааб за купување на борбени авиони Грипен во 2014 година.

Компанијата Сааб вчера соопшти дека добила такво барање од САД и најави дека има намера да го исполни, без да даде детали.

- Мислам дека тоа претставува мешање на САД во работите на друга земја, рече Лула да Силва.

Договорот со Сааб, кој во конкуренција за договорот ги победи американската компанија Боинг и француската компанија Дасо, го потпиша администрацијата на поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф.

Во 2016 година, бразилските обвинители формално го обвинија Лула да Силва дека го искористил неговото влијание за да му помогне на Сааб да победи на тендер од 5,4 милијарди долари за 36 борбени авиони, а адвокатите на претседателот во тоа време го опишаа како „политички прогон“.

Врховниот суд на Бразил го отфрли случајот во 2022 година, одлучувајќи дека обвинителите биле пристрасни против Лула да Силва, истакнувајќи дека купувањето било уставно и неоспорено од властите што го надгледувале склучувањето на договорот. /МИА

Лазарини: Повеќето палестински бегалци избегаа од Либан поради израелските напади

 Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини денеска изјави дека мнозинството палестински бегалци кои живеат во кампови во јужен Либан или во близина на Бејрут избегале поради израелските напади.

Тој рече дека УНРВА продолжува да обезбедува услуги за најранливите Палестинци и оти оти тоа „бегство“ за жал е „дел од нивната историја“.

Израел ги засили своите напади врз позициите на Хезболах низ јужен Либан, издавајќи предупредувања за евакуација за повеќе од 100 градови во јужен Либан и населбите во близина на Бејрут.

Околу 1,2 милиони луѓе се раселени во Либан, а повеќе од 2.100 се убиени во изминатата година.

Хезболах почна да лансира ракети кон израелските воени позиции минатиот октомври во знак на солидарност со својот сојузник, палестинската терористичка група Хамас, која изврши терористички напад на Израел минатиот октомври. /МИА

притисни ентер