Промоцијата на роботаксито на Тесла не ги воодушеви инвеститорите

Волстрит реагираше скептично на синоќешната презентација на роботаксито (Cybercab и Robovan) на Тесла. 

Акциите на оваа компанија се намалија за околу 8 отсто во утринското тргување денеска, по презентациата која личеше повеќе на футуристички филм отколку на сериозен приказ со јасни бизнис планови. Компанијата изгуби околу 40 милијарди долари пазарна вредност.

Новиот двосед, беспилотното возило Cybercab од Тесла е предвидено да чини помалку од 30.000 долари, додека Robovan е тип на минибус без возач со капацитет до 20 патници.

На добро кореографираната престава во студиото на „Ворнер Брос“ во Холивуд, извршниот директор на Тесла, Илон Маск, претстави иднина во која автономните возила ги преобликуваат градовите. Сепак инвеститорите и аналитичарите не беа воодушеневи поради малку конкретни детали, магливи временски рамки и финансиски прогнози. Иако компанијата во изминатата година доби на вредност поради свртување кон вештачка интелигенција и роботика.

И покрај високите очекувања, Тесла понуди малку докази за напредок кон целосно автономни возила, што останува огромен технички и регулаторен предизвик, пишува Волстрит журнал. Маск не понуди решенија во тој правец.

-Прогресот од тоа што го имаме сега до целосна автономија (посебно преку ненадгледувани возила без волан или педали) е таков џиновски технолошки предизвик што е преамбициозно за толку краток временски период, соопшти Џесика Колдвел, директорка за аналитика на Edmunds, онлајн платформа за продажба на автомобили.

Во моментов, напредниот софтвер за возење на Тесла сѐ уште бара надзор од човек. Маск вети до 2025 година да има верзија без надзор, но бидејќи е познат по постојано пробивање на роковите, сето ова предизвикува скептицизам.

На настанот Тесла ги промовираше и своите хуманоидни роботи Оптимус кои се дружеа со гостите, служеа пијалоци и танцуваа. /MИА

ЕУ ја одобри Реформската агенда на Македонија согласно Планот за раст на Западен Балкан

Земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши,

Рефомрските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х'“ унгарското претседателство со ЕУ.

-Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ./МИА

Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне

Принцoт Џорџ е идниот крал на Велика Британија, кој ќе ја наследи круната по неговиот татко Вилијам. Но, ако се праша 11-годишно момче, тоа нема да биде крал, туку пица мајстор или готвач.

Имено, младиот принц со родителите Вилијам и Кејт посетиле пицерија во Норфолк, а жителот на Норфолк Дезмон Мекарти за „Daily Mail“ изјавил дека момчето било толку возбудено од рерната за пица на дрва што извикало: „Тоа сакам да го правам кога ќе пораснам!"

Сепак, за негова несреќа, Џорџ нема да може да го оствари својот сон, но затоа ќе прекине една вековна традиција. Имено, за разлика од неговите претходници, Џорџ нема да мора да служи војска пред да седне на тронот.

Извор: Индекс.хр

Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини

Неодамна беше лансиран стандардот „USB4“, кој донесе брзина на пренос на податоци до 40 Gbps, но сега и ова е надминато.

„Elecom“ официјално стана првата компанија која ги сертифицираше своите „USB4 2.0“ кабли. Ова се првите „USB4 2.0“ кабли и ветуваат брзини кои се двојно повисоки од стандардните „USB4“.

Компанијата во моментов има за цел да објави две варијанти на своите нови „USB4 2.0“ кабли во декември, а основниот модел ќе понуди брзина на пренос на податоци од 80 Gbps и можност за полнење од 60 W. Вториот модел нуди уште поголема опција за полнење, од 240W @ 48V/5A.

Првите „USB4 2.0“ кабли во светот првично ќе бидат ограничени на јапонскиот пазар. Се очекува за неколку месеци да почнат да се појавуваат и на други пазари.

Интересно е што „Microsoft“ веќе започна со подготовка на „Windows 11“ за „USB4 2.0“ поддршка, а засега не се знае кога оваа поддршка ќе се појави во стабилниот софтверски канал.

Извор: Б92

притисни ентер