Кинезите се преселија во руските фабрики од кои побегна Западот

Војната во Украина трае веќе три години, а за тоа време многу западни брендови се повлекоа од Русија.

Некои компании, сепак, најдоа начин да го искористат празниот простор.

Еден од најголемите добитници во целата ситуација се кинеските производители на автомобили, бидејќи како што пишува во својот извештај агенцијата Ројтерс, повеќе од 50% од новите автомобили продадени во Русија припаѓаат на кинески марки.

Се вели дека оваа зголемена побарувачка предизвикала лавина случаи кога компаниите преземаат празни згради и фабрики напуштени од западните производители на автомобили.

Цитирајќи како извор пет луѓе запознаени со ситуацијата, Ројтерс пишува дека кинеската марка „Chery“ произведува автомобили во руски фабрики кои претходно ги користеле „Mercedes“, „Nissan“, и „Volkswagen“, се чини дека овие фабрики се користат само за доработка.

Ова би можело да биде потег на Кинезите за да ги избегнат царините, бидејќи агенцијата известува дека во Русија се плаќаат високи царини за увезени возила.

Се вели дека „Chery“ контролира речиси 20% од пазарот на патнички автомобили, така што завршните работи во самата земја би можеле да и помогнат да остане доминантна. Во фабриките, пишува Ројтерс, се склопуваат моделите „Tiggo“ и „Exeed“, а „Tiggo 7“ е ребрендиран како „Xcite X-Cross 7“.

Извор: Б92

ЕУ ја одобри Реформската агенда на Македонија согласно Планот за раст на Западен Балкан

Земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши,

Рефомрските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х'“ унгарското претседателство со ЕУ.

-Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ./МИА

Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне

Принцoт Џорџ е идниот крал на Велика Британија, кој ќе ја наследи круната по неговиот татко Вилијам. Но, ако се праша 11-годишно момче, тоа нема да биде крал, туку пица мајстор или готвач.

Имено, младиот принц со родителите Вилијам и Кејт посетиле пицерија во Норфолк, а жителот на Норфолк Дезмон Мекарти за „Daily Mail“ изјавил дека момчето било толку возбудено од рерната за пица на дрва што извикало: „Тоа сакам да го правам кога ќе пораснам!"

Сепак, за негова несреќа, Џорџ нема да може да го оствари својот сон, но затоа ќе прекине една вековна традиција. Имено, за разлика од неговите претходници, Џорџ нема да мора да служи војска пред да седне на тронот.

Извор: Индекс.хр

Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини

Неодамна беше лансиран стандардот „USB4“, кој донесе брзина на пренос на податоци до 40 Gbps, но сега и ова е надминато.

„Elecom“ официјално стана првата компанија која ги сертифицираше своите „USB4 2.0“ кабли. Ова се првите „USB4 2.0“ кабли и ветуваат брзини кои се двојно повисоки од стандардните „USB4“.

Компанијата во моментов има за цел да објави две варијанти на своите нови „USB4 2.0“ кабли во декември, а основниот модел ќе понуди брзина на пренос на податоци од 80 Gbps и можност за полнење од 60 W. Вториот модел нуди уште поголема опција за полнење, од 240W @ 48V/5A.

Првите „USB4 2.0“ кабли во светот првично ќе бидат ограничени на јапонскиот пазар. Се очекува за неколку месеци да почнат да се појавуваат и на други пазари.

Интересно е што „Microsoft“ веќе започна со подготовка на „Windows 11“ за „USB4 2.0“ поддршка, а засега не се знае кога оваа поддршка ќе се појави во стабилниот софтверски канал.

Извор: Б92

притисни ентер