Шокантен пресврт во истрагата за причините за падот на патничкиот авион во Казахстан

Истрагата во Казахстан не покажала дека азербејџанскиот патнички авион што се урна вчера бил соборен од руската авијација, изјави сообраќајниот обвинител на областа Мангистау, Абилајбек Ордабаев.

„Истрагата во Казахстан не доведе до заклучок дека руската воздушна одбрана го соборила азербејџанскиот авион“, рече обвинителот.

Властите на Казахстан изјавија и дека „ниту може да се потврди, ниту да се негира дека руската воздушна одбрана го соборила азербејџанскиот авион“. Најавено е дека и денеска не можат да дадат официјално објаснување за тоа што се случило, пренесе Ројтерс.

Од друга страна, како што јави Јуроњуз, повикувајќи се на извори од азербејџанската влада, прелиминарната истрага покажала дека руска ракета земја-воздух го предизвикала соборувањето на авионот на Азербејџан ерлајнс во Казахстан.

Според изворите, проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на воздушната активност на беспилотни летала над градот Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и екипажот во кабината откако дронот експлодирал покрај авионот среде лет.

Владини извори за Euronews изјавија дека на оштетениот авион не му било дозволено да слета на ниту еден руски аеродром и покрај барањата на пилотот за итно слетување и му било наредено да прелета преку Каспиското Море до градот Актау во западен Казахстан.

Според податоците, GPS навигациските системи на авионот биле заглавени во текот на целата патека на летот над морето.

Ракетата била истрелана од системот за противвоздушна одбрана Pancir-S, објави весникот „AnewZ“, повикувајќи се на извори од азербејџанската влада.

Меѓу жртвите има и државјани на Русија, како и оние од соседните земји, јавува Јуроњуз.

Авион на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни кога излетал од курсот и се урнал вчера додека се обидувал принудно да слета во близина на градот Актау во Казахстан откако го прелетал Каспиското Море.

Во Азербејџан денеска е прогласен Ден на жалост поради авионската несреќа во која загинаа 38 лица, а 29 преживеаја, додека причината за авионската несреќа сѐ уште не е позната.

СДСМ: Како тоа за ДКСК сертификатот на Христовски е валиден?

​Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос на случајот со диркеторот на АНБ Бојан Христовски и таа мора да биде повлечена.

Како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив Бугарија кога Суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков серификат кој е оценет за невалиден?

Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија, дносно од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на Христовски.

Како ДКСК заклучила дека е валиден сертификатот кога суд одредеил во два случаи, од исто место и од исто правно лице дека е невалиден?

Зошто ДКСК не ги земало предвид овие судски одлуки? Дали е тоа намерно?

Ова е уште една причина зошто Државната комисија за спречување на корупција треба да ја повлече скандалозната одлука и да ја врати на повторно разгледување.

Оправдани се и сомнежите за конфликт на интерес кај членката на ДКСК којашто го водела случајот по претставката во којашто се оспорува диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Премногу сомнежи има за нерегуларности, недоследности, нелогичности, за конфликти на интерес за скандалот со Христовски кој трае со месеци.

Се добива впечаток дека не се важни закони, правила и прописи и по секоја цена Христовски власта го турка да остане на позицијата иако е доведено во прашање дали воопшто ги исполнува условите.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ:СДС и ДУИ се едно исто

Додека ДУИ и Артан Груби се криеја зад Албанците и СДС го делеше македонското општество за да крадат, Албанците и Македонците масовно се иселуваа

СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни политички поени и за лично богатење на поединци.

СДС долго време се криеше зад флоскулата „едно општество за сите“, за од друга страна да ги направи најголемите и најдлабоките поделби во македонското општество. Додека го делеше македонското општествено ткиво, лицата на чело на СДС, како Зоран Заев и Венко Филипче и нивните браќа, правеа милиони.

Исто и ДУИ додека се повикуваше на Албанците и себеси се промовираше како нивен најголем и единствен заштитник, Албанците од Македонија масовно се иселуваа. Додека од уста не ги извадија правата на Албанците, раководството на ДУИ меѓу кои Артан Груби, си ги полнеа џебовите. Артан Груби и ДУИ единствено што направија за Албанците е што ги злоупотребија за тие да се богатат.

Додека Артан Груби крадеше, ДУИ ги убедуваше сограѓаните Албанци дека се бори за нив. А, секој изминат ден на ДУИ на власт беше причина повеќе Албанците, исто како и Македонците, да си заминуваат од државата.

Груби и ДУИ секогаш биле само и само за заштита на интересите и џебовите на поединци, а не за Албанците и најмалку за Македонците.

СДС знаеја за криминалот на Груби, на кој прво му дадоа одврзани раце да краде, па потоа му се приклучија и заеднички се богатеа на грбот на народот. И уште една причина поради која СДС молчеше за криминалот на Груби, е затоа што така се држеа на власт.

И се така седум години народот осиромашуваше, државата се пљачкаше, а челниците на СДС и ДУИ се богатеа. Коалицијата на СДС и ДУИ, беше криминална коалиција од интерес за ограбување на Македонија, а за лично богатење на нивните луѓе.

Затоа и се поддржуваа седум години. Но, СДС и ден денес одработува за Груби, кои наместо да се дистанцираат од него и да го повикаат да се врати да се соочи со правдата, тие држат прес-конференции смислувајќи разно разни приказни.

Наместо уште да му служат на Артан Груби, СДС да им се извини на македонските граѓани за сервилноста и грабежот на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Писмен став на коалицијата ВРЕДИ за рокот од шест месеци за уставните измени

Писмен став на коалицијата ВЛЕН за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ!

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци, коалицијата ВЛЕН го соопштува следното:

Новата Влада, во која коалицијата ВЛЕН е одговорен и активен партнер, е цврсто посветена на ЕУ агендата. Активно работи на достоинствено исполнување на условите за динамизирање на процесот кои водат кон полноправно членство во Европската Унија.

Ние, министрите од ВЛЕН, отсекогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции – не само со зборови, туку и со дела. Рокот од шест месеци не е само временска рамка, туку обврска која ја разбираме и почитуваме.

Сепак, мора да постои политичка логика и реалност. Дали има 2/3 мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, нема. И тука лежи суштината: процесот на интеграција бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти. ВЛЕН не ги заборава обврските, но и потсетуваме дека решението не може да биде еднострано.

Владата има јасен план, стратегија и акциски чекори кои се преземаат секојдневно. Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спасуваше клучни процеси. Со еден таков чекор обезбедивме старт на преговорите со ЕУ.

Апелираме до сите општествени чинители, вклучувајќи ги политичките партии, да престанат со ситни политички манипулации на сметка на ЕУ интеграциите. Европската иднина е над политиката на дневни калкулации.

Коалицијата ВЛЕН

притисни ентер