Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ИТКФ светскиот куп за деца во Лима, Перу освојувајќи три златни, два сребрени и еден бронзен медал. 

Софија Јарчевска освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца од 12-13 години до зелен појас, Филип Недев освои прво место во кати и трето место во кихон ипон кумите за деца 10-11 години до црн појас, а пак Камелија Недев освои 2 место во кати за деца од 12-13 години до црн појас.

Ката тимот во состав: Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска освоија второ место за деца од 12-13 години.

На првенството учествуваа преку 500 каратисти од целиот свет.

Зеленски му ја честиташе победата на Усик

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на својот сонародник Олександр Усик за неговата победа над Британецот Тајсон Фјури и одбраната на светската боксерка титула во тешка категорија во верзиите ВБА, ВБС и ВБО.

„Победа! Толку важна и толку неопходна за сите нас сега“, напиша Зеленски на социјалната платформа Телеграм.

„Одбраната на светските титули од страна на Усик покажува дека Украинците не го предале она што е нивно“, додаде Зеленски.

Виталиј Кличко, кој е поранешен светски шампион во тешка категорија, и актуелен градоначалник на Киев, исто така му честиташе на Усик за „достојната и блескава победа“.

Украинецот Олександр Усик ги одбрани титулите светски првак во тешка категорија со едногласна победа над Британецот Тајсон Фјури во реваншот одржан синоќа во Ријад.

По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут.

Путин вети одмазда за нападот во Казањ

 Рускиот претседател Владимир Путин му се закани на Киев со одмазда по нападот со дрон вчера врз рускиот град Казањ на Волга.

-Кој ќе се обиде да уништи нешто овде, ќе се соочи со повеќекратно уништување на својата територија и ќе зажали за тоа што се обидел во нашата земја, рече шефот на Кремљ за време на телевизиската видео-конференција.

Вчера наутро, шест украински дронови погодија станбени згради во Казањ, а седмиот погоди индустриски објект. Официјално нема повредени од нападот, додека медиумите наведуваат дека три лица се здобиле со расекотини од скршено стакло од прозори.

Казан се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од украинската граница. Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападот, тој се смета за одговор на рускиот ракетен напад врз Киев.

ВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

Партиjата нон грата ДУИ, оваа лоша копија на Груевски, во својот очај како изолирана партија, ги користи и најболните случаи само за да го нахрани сопственото гнасно его.

Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот. Денеска не имостана лице да бараат одговорност, бидејќи ги наследивмепоследиците од нивното водство додека работиме насанирање на тие проблеми.

Станува збор за истата партија која поради својата корумпираност предизвика смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово.

Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и злоупотреба ги како изборни алатки.

Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Завршува нивната неизвесност, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 здраствениработници!

Фактите не лажат. Откако ВРЕДИ ја презеде одговорноста за здраството, работите почнаа да се менуваат. За прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови, со што се олеснува товарот на илјадници пациенти. Само годинава, благодарение на заложбата на министерот Арбен Таравари, се примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.

ДУИ нон грата го остави здравството во “клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари.

Граѓаните ја видоа разликата, тие што уништуваат и тие што градат. ВЛЕН е одлучен во својата заложба за градење наживотот во нашата земја и немаме намера да застанеме и даги слушаме муабетите на оние кои со години уништуваа сèшто им доаѓаше на патот.

ВРЕДИ се залага за подобар живот на граѓаните.

ВРЕДИ

притисни ентер