Денеска на вонредно изборно сообрание долгогодишниот фудбалер и спортски работник Масар Омерагиќ е избран за нов предводник на најбогатата спортска федерација во Македонија.
Омерагиќ како единствен кандидат на собранието,ја доби довербата од сите присутни делегати.
-И јас сум еден од вас, човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија.Фудбалот е тимска работа и поединец не може сам. Заедно ќе се радуваме на успесите, заедно ќе тагуваме во поразите. Ова е спорт во кој нема денес за утре, ова е спорт кој бара напорна работа и многу добар тим за да се постигне целта, истакна новиот претседател Омерагиќ во обраќањето пред делегатите.
Пред изборот на нов претседател делегатите ја констарираа оставката на досегашниот претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Веднаш по изборното собрание новиот претседател ја одржа и првата седница со Управниот одбор на која еспресно беше одлучено во раководните тела на федерацијата да се вратат и неколку македонски фудбалски легенди.
Славниот капитен Горан Пандев ја доби фукнцијата спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции, а Илија најдоски и, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ.
Инаку, Масар Омерагиќ е седмиот претседател во историјата на македонската куќа на фудбалот по осамостојувањето.
Негови претходници во 32 годишната историја на ФФМ беа: Алексо Кипровски (1992-1993), Љубисав Иванов – Ѕинго (1993-1999), Ламбе Арнаудов (1999-2002), Харалампие Хаџи-Ристески (2002-2012), Илчо Ѓорѓиоски (2012-2018) И Муамед Сејдини (2018-2024).