Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година

Најплатен менаџер во Германија во 2023 година е првиот човек на „Фолксваген“, Оливер Блуме, кој заработил околу 10,3 милиони евра и покрај кризата што ја зафати автомобилската индустрија во Германија, пишува Дојче веле.

Така тој стана првиот шеф на компанија DAX чија годишна плата надмина 10 милиони евра.

На второ место е Бјорн Гулден од „Адидас“ со заработени 9,2 милиони евра, додека на третото место е Кристијан Савинг од Дојче банк со годишен приход од девет милиони евра, покажува студијата на Здружението за заштита на инвеститори DSW.

-Менаџерите на најголемите германски компании заработија рекордни суми и покрај тоа што лошо и оди на економијата, а делумно и на компаниите што ги водат, вели Дојче веле.

Заработката на членовите на управните одбори на компаниите котирани на германската берза во деловната 2023 година се зголемила во просек за 11 отсто и достигнала рекордни 2,65 милиони евра, покажува новата студија на ревизорската компанија EY. Анализирана е вкупната директна заработка, која вклучува фиксна плата и бонуси за членовите на одборот кои биле на функција во текот на целата деловна година.

Ккога се гледаат платите на водечките менаџери на германските концерни во меѓународен контекст со просечна плата од 5,7 милиони евра, може да се види дека водечките менаџери во САД, Франција и Швајцарија заработуваат многу повеќе.

Најплатени се менаџерите во САД, кои просечно заработуваат по 24,2 милиони евра годишно. Највисоки примања имал шефот на Apple, Тим Кук, дури 58,4 милиони евра, иако приходите му биле речиси преполовени во однос на 2022 година.

На второ место е извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, со 44,8 милиони евра, додека првиот човек на Salesforce, Марк Бениоф заработил 36,6 милиони евра. Кога ќе се погледне ситуацијата во Европа, може да се види дека германските менаџери не се ни блиску до врвот кога се во прашање приходите.

Водечките менаџери на компаниите на француската берза CAC40 заработуваат во просек по 6,9 милиони евра, а оние на швајцарската ДПИ 7,6 милиони евра. Најплатен менаџер во Европа моментално е претседателот на одборот на директори на софтверската компанија „Dashault Systèmes“ Бернард Чарлс, кој лани заработил 46,7 милиони евра. И првиот човек на „Фолксваген“, Блуме, со своите 10,3 милиони евра, е на само 12-то место во Европа, иако е менаџер на најголемата компанија во Европа и најголемиот производител на автомобили во светот, кој продаде возила во вредност од 323,3 милијарди евра во 2023 година. /МИА

Винисиус дозна дека има камерунски корени

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, дозна за своето потекло откако направил ДНК тест.

Пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (1:1), на напаѓачот на Бразил му беше врачен докумнет на кој пишува дека има камерунски корени.

Врз основа на информациите во текстот, Винисиус потекнува од племето Тикар, кое живее на северозапад од Камерун.

Претходно се дозна дека платформата Нетфликс ќе сними филм за напаѓачот на Реал Мадрид, кој ќе го прикажува животот и кариерата на 24-годишниот Бразилец. Филмот ќе биде објавен во 2025 година.

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета.

Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера.

Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили.

Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија.

Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата.

Меркел се обидела да ја забави кандидатурата на Украина за НАТО

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се обидела да го забави притисокот на Украина за брзо членство во НАТО за време на нејзиниот мандат.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се обидела да го забави притисокот на Украина за брзо членство во НАТО за време на нејзиниот мандат, наведувајќи ја загриженоста за потенцијалната руска воена одмазда, според извадок од нејзините мемоари објавен од весникот Ди Цајт.

Мемоарите, насловени „Слобода. Спомени 1954 – 2021 година“, треба да бидат објавени следната недела во вторник.

Во книгата, поранешната лидерка на германската конзервативна Христијанско-демократска унија размислува за клучниот самит на НАТО во Букурешт во 2008 година, на кој се разговараше за кандидатурите на Украина и Грузија за НАТО.

Меркел ја признава силната желба на земјите од Централна и Источна Европа брзо да се приклучат на НАТО, но објаснува дека верува дека додавањето нови членки треба да ја подобри безбедноста не само за тие земји, туку и за НАТО како целина.

Меркел во книгата изразува особена загриженост за врските на Украина со Русија, особено за присуството на руската црноморска флота со седиште на украинскиот полуостров Крим, кој Русија подоцна незаконски го анектираше во 2014 година.

Таа пишува дека ниту еден претходен кандидат за НАТО не се соочил со таква ситуација и дека сложените воени преплетувања можеле да претставуваат ризик за алијансата.

Во тоа време, таа исто така истакна дека само малцинство од украинското население го поддржува членството во НАТО.

Пристапот на Меркел кон Украина се уште се соочува со критики во Киев.

Меркел зборува и за компромисот што на крајот беше постигнат, но по значителна цена.

Поранешната канцеларка пишува дека неуспехот да им се понуди на Украина и Грузија јасен акционен план за членство беше назадување за нивните аспирации, додека поширокото ветување на НАТО за идно членство на двете земји претставуваше директен предизвик за руските интереси, што таа го сметаше за провокација за рускиот претседател Владимир Путин.

Книгата ќе биде објавена во над 30 земји, соопшти издавачот.

Меркел беше на чело на најголемата европска економија 16 години помеѓу 2005 и 2021 година. Таа беше и првата жена канцеларка во Германија.

притисни ентер