Потребни состојки за корите: 20 јајца, 400 гр. брашно, 200 гр. мелени ореви, 2 лажици кафе и малку масло.
Потребни состојки за кремот: 400 мл. топла вода, 800 гр. шеќер, 800 гр. маргарин, 700 гр. чоколадо за готвење и 8 јајца.
Постапка:
Белките (околу 800 мл.) се одвојуваат од жолчките и се ставаат во поголем сад да се матат.
Додека се матат белките се премачкуваат со масло 3 плеха и се посипуваат со брашно.
Печката се вклучува на 250 степени да се загрее.
По неколку минути матење се додава 200 гр. шеќер и се продолжува со матењето.
Потоа се додава уште 200 гр.шеќер и се продолжува со матењето.
По неколку минути се додаваат постепено жолчките.
Откако ќе се изматат се додаваат 200 гр. мелени ореви, 2 лажички кафе и 400 гр. брашно.
Сите состојки дополнително се мешаат со рачна маталка.
Добиената смеса се распределува на трите плеха премачкани со масло и посипани со брашно.
Се пече во загреана рерна околу 15 минути на 250 степени.
Додека се печат корите се подготвува филот,
Во поголем сад се става 400 мл. топла вода и 800 гр. шеќер.
Садот со состојките се става на оган.
За тоа време белките се делат од жолчките.
Откако ќе проврие шербетот се додаваат 800 гр. маргарин исечен на коцки.
Потоа се додава чоколадото и се меша се додека не се стопи.
На крај постепено со постојано матење се додаваат жолчките.
Добиената смеса се распределува во тепсија и се става во фрижидер да се излади.
Откако ќе се излади, кремот дополнително се мати со миксер уште неколку минути.
Првата кора се премачкува со добиениот крем и се покрива со втората кора.
Истата постапка се повторува и со втората и третата кора.
Одозгора се посипува со мелени ореви и се става во фрижидер да се стврдне.