Амбасадата на САД организира панел-дискусија на тема „Борба против корупцијата“

,,Мојот антикорупциски дневник“е новиот прокет на Амбасадата на САД.

,,Мојот антикорупциски дневник“е новиот прокет на Амбасадата на САД, преку програмата опдат на Министерството за правда на САД и УСАИД, Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против корупцијата.

Целта на дневникот е да ги поттикнат младите за да ја препознаат корупцијата во секојдневниот живот.

Вучевиќ: Не е момент за реконструкција на Владата

Не е момент за реконструкција на Владата, Глишиќ и Месаровиќ ги преземаат министерствата на Весиќ и Момировиќ.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека сега не е моментот за реконструкција на Владата и дека во вторник ќе соопшти кој од министрите ќе ги преземе министерствата предводени од Горан Весиќ и Томислав Момировиќ, кои поднесоа оставки поради трагедијата во Нови Сад, а кои вчера Собранието ги прифати, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ни претстои пат да поставиме двајца нови министри, а во вторник ќе кажам кој ќе ги преземе тие две министерства, додека не се изберат нови членови на Владата, изјави синоќа Вучевиќ за Јуроњуз.

Тој кажа дека тече рокот од 15 дена за предлог на нови министри и дека во тој период ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ и партиските претставници.

-Мислам дека сега не е моментот за реконструкција на владата. Луѓето сакаат Србија да работи, без да се избегне прашањето за кривично-правна одговорност. Тоа не значи дека ќе се правиме да ништо не се случило на 1 ноември, но не можеме да останеме замрзнати затоа што некој гледа дека тоа е негова политичка шанса, истакна Вучевиќ.

Српските медиуми повикувајќи се на Танјуг сопштија дека министерствата што ги водеа Горан Весиќ и Томислав Момировиќ, кои поднесоа оставки, треба да ги преземат Дарко Глишиќ и Адријана Месаровиќ.

Министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, до изборот на нови министри ќе го преземе секторот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура со кое досега раководеше Горан Весиќ, кој е во притвор во рамки на истрагата за несреќата на Железничката станица во Нови Сад.

Наместо Томислав Момировиќ, кој исто така поднесе оставка, ресорот во Министерството за внатрешна и надворешна трговија најверојатно ќе го преземе министерката за економија Адријана Месаровиќ.

Митева за средбата на Давкова и Филипче: Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада

Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор .

Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржи работна средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

Андоновски ја отвори Глобалната Сајбер Конференција во Цирих

Глобална Сајбер Конференција во Цирих-Соработката е клучот за дигиталната отпорност.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на Глобалната Сајбер Конференција, која се одржува во Цирих, Швајцарија, говореше на отворањето на Конференцијата пред претставници на повеќе од 40 држави, експерти од индустријата и претставници на невладиниот сектор.

Андоновски, како што соопшти Министерството, во своето обраќање ја нагласил неопходноста од создавање на безбедно, сигурно и отпорно дигитално опкружување, што е во сржта на дигиталната трансформација, а воедно ги претстави и приоритетите на Македонија во оваа област.

-Сајбер-безбедноста не е натпревар, туку колективна одбрана. Меѓусебната поврзаност во сајбер-просторот бара соработка базирана на доверба, истакнал министерот.

Тој ја претставил и нацрт Стратегијата за сајбер-безбедност на Република Македонија за периодот 2024-2028 година, нагласувајќи го проактивниот пристап на кој е базирана.

-Пристапот на Република Македонија, во однос на сајбер безбедноста е целосно проактивен. Нашата Стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028 се темели на пет основни принципи кои ја рефлектираат нашата посветеност на дигиталната трансформација. Дигиталната трансформација не може да биде само прифаќање на нови технологии или одржување чекор со трендовите, туку станува збор за создавање системи кои се интелигентни, приспособливи и безбедни по дизајн, нагласил Андоновски.

Гледајќи кон иднината, министерот ја истакнал итноста од заеднички чекори за градење одржлив дигитален екосистем. -Соработката во сајбер-просторот нуди значајни можности. Но, овие можности ќе бидат реализирани само ако дејствуваме решително и веднаш. Мора да се даде приоритет на образованието и вештините за сајбер-безбедност, но и на меѓународните партнерства за да создадеме дигитален екосистем подготвен за иднината, посочил Андоновски.

Во рамките на Самитот на кој присуствуваат повеќе од 400 учесници, министерот остварил повеќе билатерални средби со колеги и претставници од водечките компании и држави во сајбер-просторот.

притисни ентер