Шакира конечно призна кој пејач ѝ помогнал за време на скандалот со Пике!!

Во едно од последните интервјуа светската музичка ѕвезда Шакира откри кој пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со  емотивниот партнер славниот фудбалер Жерар Пике.

За ова молчеше со месеци!!

Во едно од последните интервјуа светската музичка ѕвезда Шакира откри кој пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со емотивниот партнер славниот фудбалер Жерар Пике.

Колумбиската ѕвезда за списанието Ролинг Стоун изјави дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Таа сподели дека се зближиле додека таа минувала низ тешко раскинување.

„Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Ме проверуваше секој ден и ми испраќаше зборови на поддршка", истакнала Шакира.

Шакира истакна дека нивното пријателство трае долго и му испрати убави зборови на својот голем другар.

„Го доживувам како личност која го гледа животот низ друга призма, која е чувствителна на туѓите потреби и многу емпатична“, додаде таа.

Нивното пријателство започна во 2014 година за време на шестата сезона на музичкото натпреварување The Voice, каде што Крис Мартин беше гостин ментор во шоуто.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија во 2025 година

 Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија во 2025 година, соопшти денеска рускиот амбасадор во Пекинг Игор Моргулов.

„Што се однесува до конкретни билатерални настани, можам да кажам дека активно се изработуваат релевантните планови“, изјави Моргулов, пренесува БТА.

- Она што не е тајна е дека претседателот на Народна Република Кина се очекува во Русија следната година, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин последен пат го посети Пекинг во мај минатата година, каде што најави „нова ера“ во руско-кинеските односи, фокусирани на отпор кон американската политика. /МИА

Предновогодишна забава на Боемска во општина Центар

Општина Центар денеска на Боемска 1 организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани.

Како што информираат од Општината, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите.

На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.

Вечерта, во 20:00 часот ќе почне големиот предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со нашите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.

Самостојна изложба „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес

 Самостојна изложба насловена „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес ќе биде отворена денеска во Касарна хаб од Охрид. 

Изложбата ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела.

- После самостојните излагања во Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени дела од моите најнови циклуси во Охрид но овој пат во еден неконвенционален, ‘’експериментален’’ простор, во Касарна Хаб, (во просториите на бившата касарна во Охрид), вели Блажес.

Изложбата ја предизвикува јавноста на едно размислување за својот идентитет и значењето на нивните најинтимни искуства, поттикнувајќи ја на размислување за она што произлегува од длабочините и она што ние претпочитаме да го криеме. Блажес создава еден контемплативен простор, каде што уметноста се спојува со егзистенцијалната филозофија и внатрешната медитација, нудејќи пат кој води кон повторно откривање на идентитетот во постојана трансформација. (од текстот од ‘’Страст за носталгија’’ до ‘’Изгубен во рефлексија’’, Camilo Racana ,куратор , Париз, 2024).

Според Блажес, неговото дело претставува потрага по рамнотежа и медитација, обид за ослободување од современата реалност во која доминираат страв, предрасуди и стереотипи. Неговите платна, насликани како да се во бездна, се осветлени од сјајот на праисконска светлина која се раѓа од мешањето на длабоките езерски струи. (од текстот ‘’Ловец на бисери’’ Silvio Pasqualini куратор и директор на Blue Gallery Венеција, 2024).

Сликите претставуваат бегство од хаотичното секојдневие кон лирски предадените експресивни, разиграни, но смирени сенки во ноќните пејзажи од водната површина. Во контекст на неговиот критички однос кон реалноста, плохата на сликата и раслојувањето на површината се појдовна точка за суштинско и круцијално длабење под појавната суштина на масовната хистерија и беспомошната положба на човекот во консумеристичкото општество базирано врз страв, предрасуди и стереотипи. (од текстот ‘’Нуркање до дното’’ Маја Чанкуловска, куратор ,Национална Галерија-Скопје 2024).

Изложбата ќе биде содржана од 12 дела изработени во комбинирани техники, една инсталација и едно кратко видео. а тематиката ги соединува делата од моите последни изложби поточно двете во Париз, во Грац и последната во Венеција.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот.

Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Норвешка, Романија, Германија, Франција, Италија, Австија и Австралија. /МИА

притисни ентер