Мицкоски по средбите во Брисел: Ултиматуми не прифаќаме (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше бројни средби во Брисел, меѓу кои и со еврокомесарката Марта Кос.

„Македонската влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобар живот на граѓаните, и нормално наша главна цел е обезбедување полноправно членство на нашата Македонија во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.

„Го реафирмиравме ставот дека ултиматуми не прифаќаме, подготвени сме да разговараме, и тоа онилку колку што е потребно за отворање на првиот кластер, бргу да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја- членка на ЕУ.“ додаде Мицкоски.

Леао: Фудбалерите на Милан на натпреварот против Сасуоло покажаа што сакаат оваа сезона

 Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао е задоволен од играта на тимот синоќа на натпреварот од осминафиналето на Купот на Италија со Сасуоло.

Милан победи со 6:1, 25-годишниот фудбалер постигна еден од головите.

- Мислам дека тимот одигра многу добро и агресивно. Оваа сезона си поставивме цели и на овој натпревар покажавме што сакаме. Милан има семејна атмосфера, која се обидуваме да ја пренесеме на теренот, го цитира Леао „Фудбал Италија“.

Противникот на Милан во четвртфиналето ќе биде одреден на натпреварот помеѓу Рома и Сампдорија.

СНН:Адвокатите на Трамп го користат помилувањето на Хантер за да ја отфрлат пресудата на Трамп

Адвокатите на Трамп во судската пријава поднесена пред два дена наведоа дека Бајден во текстот на помилувањето на Хантер истакнал тој е „неправедно гонет“ и „поинаку третиран“ на суд само затоа што е негов син.

Адвокатите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, го користат помилувањето на претседателот во заминување Џо Бајден на неговиот син Хантер, за да тврдат дека пресудата на Трамп треба да биде отфрлена пред судот во Менхетен во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, јави Си-ен-ен.

Адвокатите на Трамп во судската пријава поднесена пред два дена наведоа дека Бајден во текстот на помилувањето на Хантер истакнал тој е „неправедно гонет“ и „поинаку третиран“ на суд само затоа што е негов син.

Адвокатите Тод Бланч и Емил Боув, кои Трамп ги избра за највисоки позиции во Министерството за правда во неговата нова администрација, тврдат дека Бајден го осудил Министерството со тие коментари, а окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, се занимава со истиот вид „политички театар“.

Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.

Тој, на прес-конференција по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека кризата на Блиски Исток била прва точка на дневниот ред на средбата, со оглед на опасната ситуација во регионот, што претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет.

- Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обнова на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции, посочи Сијарто.

притисни ентер