„Какво расфрлање пари“ – сите ја критикуваат Кортни Кардашијан за божикните декорации (ФОТО)

Кортни Кардашијан се најде на удар на критики откако објави слики од нејзиниот раскошно украсен дом со многу новогодишни елки.

Многумина ја критикуваа во коментарите под објавата, тврдејќи дека претерала. „Тешко е да се погледне во вашиот раскошен декор кога моето семејство и многу други што ги познавам се мачат да купат намирници за своето семејство“, коментира еден корисник. Друг изјави: „Зошто една елка не е доволна? Какво расфрлање пари“. Друг коментар гласеше: „Се шегуваш со мене. Луѓето немаат каде да живеат, а ти имаш 52 новогодишни елки“.

Од друга страна, имало и позитивни коментари. Еден фан ѝ се обрати во одбрана: „Жената може да го украси својот дом како што сака. Друг додаде: „Да можам да си го дозволам ова, би направил зимска магија и за моето семејство.“

На фотографиите и видеата, Кортни покажа огромна елка во фоајето, неколку помали дрвја во дневната соба и украсени дрвја во дворот. Таа сподели и неколку спомени од детството, вклучително и фотографија од големо дрво опкружено со подароци и бело дрво во розова соба, кое и припаѓа на нејзината ќерка Пенелопе.

Со оглед на големиот број дрвја, таа го украсила секое на различен начин. На некои слики гледаме дрвја украсени само со светла, што е нов тренд што го следи Клои Кардашијан. Други дрвја имаат сини, златни или сребрени топки, а има дури и црвени елки.

Поднесено обвинение за „див“ паркинг во Чаир

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

„Ризата на Богородица“ и „За нашиот доктор, а писател“ на Фестивалот „Богородичен покров“

Документарните филмови „Ризата на Богородица“  и „За нашиот доктор, а писател“ вечер се на програмата на 9. Фестивал „Богородичен покров“, што се одржува онлајн од 30 ноември до 7 декември на Youtube.

- Во изворите марамата на Пресвета Богородица се именува како риза, омофор или покров. Тоа не е покривка за главата, туку е горна облека која ја покривала главата и се спуштала до петите... Денес мал дел од Ризата се наоѓа во Успенската црква на московскиот Кремљ, друг - во лутеранската црква Св. Јован Крстител во Рим. Но, најголемиот дел се чува во катердалната црква на Божјата Мајка во Шартр, Франција, велат од Фестивалот „Богородичен покров“ во најавата за „Ризата на Богородица“, руски документарен филм во продукција на Добротворен фонд „Познание”

Автор и водител на филмот е митрополит Иларион (Алфеев), продуцент: Дмитриј Менделеев, а режисер: Марија Вилкасте. Документарниот филм трае 26 минути.

„За нашиот доктор, а писател“ е српски документарен филм за д-р Душан Радиќ, како што посочуваат од Фестивалот, великодушен и благороден дух, хуманист, со бројни богоугодни дела. Останува без родители, а на 18 години му ја ампутираат ногата. На земјата бил кратко, но, оставил значајна трага. Посветена жена, големо семејство, бројни раскази, роман... Основал и библиотека во Врњачка Бања. Умира во 1938 година, на 46 години.

Продуценти на филмот се Милан П.Киќевац и Бошко Милосављевиќ, кој е и сценарист и режисер.

Утре ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“, а на последниот фестивалски ден, 7 декември - Историјата на црквата „Св.Великомаченик Димитриј“ - Скопје, македонски документарен филм.

Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности.

Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон

– Баерн Минхен загуби од Баер Леверкузен во осминафиналето од Купот на Германија - 0:1. 

Натпреварот се одигра синоќа на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Во 17. минута тимот од Минхен остана во малцинство бидејќи голманот Мануел Нојер доби црвен картон.

Стрелец на единствениот гол беше играчот од средниот ред Нејтан Тел, кој погоди во 69. минута, осум минути откако влезе како замена.

Баер по ждрепката ќе го дознае противникот за четвртфиналето.

притисни ентер