Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да избегне погубување

Виетнамскиот Врховен суд ја потврди смртната казна за тајкунката со недвижни, Труонг Мај Лан, која подолго време се обидува да се избори за казна доживотен затвор..

Таа беше осудена за проневера на 12 милијарди долари преку голема тајванска банка, а последна надеж да ја избегне смртната казна е да обезбеди девет милијарди долари, кој според законот ќе и овозможи доживотна робија..

Законот во Виетнам вели дека тоа може да се случи ако таа врати 75% од сумата што ја проневерила..

68-годишната Лан беше осудена дека како претседател на компанија за недвижнини, незаконски ја контролирала банката Сајгон во период од 10 години и земала заеми и готовина преку мрежа на лажни компании, во вкупна вредност од 44 милијарди долари..

Поднесено обвинение за „див“ паркинг во Чаир

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

„Ризата на Богородица“ и „За нашиот доктор, а писател“ на Фестивалот „Богородичен покров“

Документарните филмови „Ризата на Богородица“  и „За нашиот доктор, а писател“ вечер се на програмата на 9. Фестивал „Богородичен покров“, што се одржува онлајн од 30 ноември до 7 декември на Youtube.

- Во изворите марамата на Пресвета Богородица се именува како риза, омофор или покров. Тоа не е покривка за главата, туку е горна облека која ја покривала главата и се спуштала до петите... Денес мал дел од Ризата се наоѓа во Успенската црква на московскиот Кремљ, друг - во лутеранската црква Св. Јован Крстител во Рим. Но, најголемиот дел се чува во катердалната црква на Божјата Мајка во Шартр, Франција, велат од Фестивалот „Богородичен покров“ во најавата за „Ризата на Богородица“, руски документарен филм во продукција на Добротворен фонд „Познание”

Автор и водител на филмот е митрополит Иларион (Алфеев), продуцент: Дмитриј Менделеев, а режисер: Марија Вилкасте. Документарниот филм трае 26 минути.

„За нашиот доктор, а писател“ е српски документарен филм за д-р Душан Радиќ, како што посочуваат од Фестивалот, великодушен и благороден дух, хуманист, со бројни богоугодни дела. Останува без родители, а на 18 години му ја ампутираат ногата. На земјата бил кратко, но, оставил значајна трага. Посветена жена, големо семејство, бројни раскази, роман... Основал и библиотека во Врњачка Бања. Умира во 1938 година, на 46 години.

Продуценти на филмот се Милан П.Киќевац и Бошко Милосављевиќ, кој е и сценарист и режисер.

Утре ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“, а на последниот фестивалски ден, 7 декември - Историјата на црквата „Св.Великомаченик Димитриј“ - Скопје, македонски документарен филм.

Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности.

Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон

– Баерн Минхен загуби од Баер Леверкузен во осминафиналето од Купот на Германија - 0:1. 

Натпреварот се одигра синоќа на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Во 17. минута тимот од Минхен остана во малцинство бидејќи голманот Мануел Нојер доби црвен картон.

Стрелец на единствениот гол беше играчот од средниот ред Нејтан Тел, кој погоди во 69. минута, осум минути откако влезе како замена.

Баер по ждрепката ќе го дознае противникот за четвртфиналето.

притисни ентер