Семеен камп за лица со дијабетес тип 2 во Претор

Во Претор денеска ќе биде отворен првиот камп за дијабетес кај деца и млади, кој има за цел едукација на лицата со дијабетес и нивните семејства за квалитетно менаџирање на ова заболување.

Организатори на кампот се Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) и Здружението на диајбетичари на Општина Битола.

Кампот е организиран како едукативна активност на локација која е различна од секојдневната, односно подалеку од домот, работното мести и активности.

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но според почетните имиња кои се брифираат од медиумите не очекувам опозициската СДСМ на Конгресот да понуди нов квалитет на политичката сцена, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

- Морам да признаам дека и на нас како Влада ни е потребна квалитетна и конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот на СДСМ нешто повеќе да смени. Ќе продолжат лажните клевети, измислици, инсинуации, политика на ниски страсти, дневно политички теми, а не визија за иднината, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на нова спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопскиот село Булачани.

Им препорача да се преструктурираат и реконструираат и програмски и кадровски, но, додаде, од ова што го гледам понудата е тенка, а времето ќе покаже дали сум во право.

- Нивното членство и членовите на Конгресот најдобро знаат што и е потребно на партијата, но моја желба е СДСМ да наликува на конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност и ќе инспирира што е можно повеќе граѓани за следните избори, порача Мицкоски.

Најмалку тројца загинати во страшно невреме во Британија, се евакуираат жители (ВИДЕО)

Десетици предупредувања за поплави денеска остануваат во сила низ Велика Британија, бидејќи бурата Берт продолжува да беснее и да одзема животи.

Најмалку три лица загинаа во невремето. 34-годишен маж загинал откако неговиот автомобил се излизгал од замрзнатиот пат и удрил во ѕид во Западен Јоркшир непосредно пред 1 часот по полноќ.

Маж на возраст од 60 години починал вчера откако дрво паднало врз неговиот автомобил во близина на Винчестер, додека десетици домови се поплавени во Северна Ирска.

Потоа, околу 08:20 часот, еден човек загина кога на автопат во близина на Нотингем се судриле сребрена Тојота Корола и темносив Hyundai i30.

Жолто предупредување за ветер и дожд е воведено денеска за западните делови на Шкотска и Велс, југоисточна Англија и Северна Ирска.

Во меѓувреме, има 81 предупредување за поплави низ Англија, Велс и Шкотска. Бурата Берт донесе обилни врнежи од дожд кои ги поплавија патиштата и домовите, а предизвикаа и прекини во електричната енергија. Без струја низ земјава се околу 26.000 домаќинства.

Петмина возрасни и пет деца, исто така, синоќа биле спасени од куќа во северен Велс, откако одрон ја погодил областа.

Надлежните соопштија дека групата спасени лица сега е на топло и безбедно место далеку од погодените подрачја.

Градот Понтиприд, во јужниот дел на Велс, е под тревога поради поплавите предизвикани од бурата Берт, а жителите се евакуирани.

На видеата и сликите кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледаат потопени автомобили, додека мештаните со кофи се обидувале да исфрлат вода од куќите, пишува Скај Њуз.

Патишта, домови, бизниси и паркови исто така се погодени од поплавите, а центар на заедницата се подготвува да прими луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови.

Локалните власти на Фејсбук објавија дека се уште не е познат целосниот обем на штетата, но дека првичните проценки „не изгледаат добро“.

Бурата Берт усмрти најмалку три лица ширум Британија, а десетици милиметри дожд паднаа во најтешко погодените области во текот на ноќта, додека повеќе од 200 метеоролошки предупредувања остануваат на сила.

„Влијанијата на бурата Берт ќе продолжат да предизвикуваат нарушувања, со повеќекратни предупредувања за ветер и дожд. Иако ризикот од снег сега е намален, врнежите ќе зафатат голем дел од Британија, особено некои југозападни делови на Англија и Јужен Велс, но најсилните дождови во овие области ќе се повлечат во текот на денот“, рече Енди Пејџ, шеф на британската метеоролошка служба.

Зеленски: Путин сака да нѐ протера од Курската област до 20 јануари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин поставил задача да ги протера украинските сили од регионот Курск до 20 јануари „бидејќи му е важно да покаже дека наводно ја контролира ситуацијата“.

„За Путин најважно е да нѐ истурка од регионот Курск. Сите овие приказни, сите овие индикатори, удари со нови проектили, сето тоа не е за џабе. Тој си ја постави оваа задача. Сигурен сум дека сака да нѐ протера до 20 јануари. За него е клучно да покаже дека ја контролира ситуацијата“, им рече Зеленски на новинарите за време на Третата меѓународна конференција за безбедност на храната „Жито од Украина“. , пренесува украински Интерфакс.

Зеленски додаде дека средбата со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп зависи од многу работи, особено од легитимноста на нејзиното одржување.

Исто така, наведе тој, можни се и подготвителни средби пред инаугурацијата на Трамп.

Зеленски истакна дека неодамнешниот Самит на Г20 се одржа со многу слаба поддршка за Украина, истакнувајќи дека бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва „покажа слаба страна“.

„Бразил е голема земја, знам дека повеќето луѓе ја поддржуваат Украина, сакам да ви се заблагодарам за тоа. За жал, Г-20 се одржа со многу мала поддршка за Украина“, заклучи Зеленски.

притисни ентер