Романскиот премиер Марсел Чолаку поднесе оставка од лидер на Социјалдемократската партија

Романскиот премиер Марсел Чолаку денеска објави дека ќе поднесе оставка од функцијата лидер на левичарската Социјалдемократска партија (ПСД), откако не успеа да влезе во вториот круг од претседателските избори.

Британските медиуми пренесуваат дека Чолаку ќе остане на функцијата премиер се до изборот на нов.

Претходно, поранешниот заменик генерален секретар на НАТО и независен кандидат на претседателските избори, Мирчеа Џоана, изјави дека ќе се повлече од активната политика по „изненадувачките и разочарувачките“ резултати во првиот круг од гласањето.

Десничарот Калин Ѓордеску и опозициската лидерка Елена Ласиони се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Романија, покажуваат резултатите од првиот круг одржан во неделата врз основа на 99,9 отсто преброени гласачки ливчиња.

Ѓордеску освои 22,95 отсто од гласовите, а Ласкони 19,2 отсто, пренесоа британските медиуми.

Чолаку иако беше фаворит не успеа да се пласира во вториот круг на изборите и го освои само третото место со 19,16 отсто од гласовите.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 декември./МИА

Касемиро нема намера да се врати во Реал

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро одбил да се врати во Реал Мадрид, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Според информациите, Бразилецот својот период во мадридскиот клуб го смета за затворена страница.

Претходно беше објавено дека Реал сакал да го врати 32-годишниот фудбалер во услови на голем број повредени играчи.

Касемиро играше за Реал Мадрид од 2013 до 2022 година пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона, играчот од средниот ред одигра 16 натпревари на кои постигна 3 голови. Актуелниот договор со англискиот клуб му истекува на лето 2026 година./МИА

Роб Бауер: Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат близу три отсто од својот БДП во одбрана

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави денеска претседавачот на Воениот к

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави денеска претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер.

Со тоа трошоците би ги надминале сегашните два отсто од БДП вложувања во армиите на земјите-членки, што беше поставено како актуелна цел на НАТО.

Бауер во Брисел истакна дека вкупниот процент од одвојувањето за одбрана, кој е неопходен за да се направат новите планови остварливи, е многу поблиску до издвијувањето на три отсто од БДП отколку два отсто./МИА

Израелската влада забрани рекламирање во Хаарец, весникот познат по критиките

Владата на Израел денеска им нареди на сите јавни институции да престанат да се рекламираат во весникот Хаарец, познат по критиките за израелските акции на палестинските територии.

Министерот за комуникации Шломо Кархи рече дека владата го одобрила неговиот предлог откако издавачот Хаарец повика на санкции против Израел и ги нарече палестинските екстремисти како „борци за слобода“.

„Ние се залагаме за слободата на печатот и изразувањето, но и слободата на владата да одлучи да не финансира подбуцнување против државата Израел“, објави Кархи на платформата X.

Ноа Ландау, заменик уредник на Хаарец, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „работи на замолчување на независните и критички медиуми“, споредувајќи го со автократски лидери во други земји.

Хаарец редовно објавува колумни во кои ја критикува полувековната окупација на земјата од страна на Израел на која Палестинците сакаат да основаат независна држава.

Весникот исто така го критикуваше водењето на војната во Газа во време кога повеќето локални медиуми ја поддржуваа војната и претежно ги игнорираа страдањата на палестинските цивили. /МИА

притисни ентер