Две работи се чести причини за отекување на лицето.
Лицето е огледало на нашето здравје и кога ќе се разбудите со оток на него, нормално е да се загрижите. Во повеќето случаи, отокот исчезнува по неколку дена, но многу е важно да се препознаат ситуациите кога отокот на лицето е предупредувачки знак.
Лекарите ги издвојуваат следниве најчести причини кои доведуваат до оток на лицето:
Реакција на солена храна
Не е невообичаено лицето, рацете, нозете или глуждовите да се надујат по консумирање голема количина солена храна. Ова се случува поради реакција на крвните садови на вишокот сол, кои апсорбираат повеќе течност за да го одржат балансот на натриум и вода.
Алергиска реакција
Алергиските реакции може да бидат една од причините за појава на оток на лицето. Кога имунолошкиот систем ќе открие алерген, доаѓа до ослободување на хистамини и други хемиски супстанци кои предизвикуваат пропустливост на крвните садови, а тоа доведува до отекување на лицето.
Во случај на сериозни симптоми на алергиска реакција, неопходна е итна лекарска помош.
Инфекција
Вирусните или бактериските инфекции може да резултираат и со отекување на лицето, особено ако има промени во бојата на кожата, треска или чувствителност на допир. Добивањето точна дијагноза може да биде предизвик, но третманот зависи од причината на инфекцијата.
Хормонски дисбаланс
Кушинговиот синдром, кој се јавува поради прекумерно производство на кортизол, може да предизвика заоблено лице поради задржување на течностите или зголемено складирање на маснотии. Хипотироидизмот, исто така, може да доведе до таложење на молекули кои апсорбираат течност, што резултира со надуен изглед на лицето.
Хипотироидизам
Една од најчестите причини за надуено лице е хипотироидизмот, кој се развива постепено со текот на времето. Тоа се случува кога тироидната жлезда во вратот (која може да изгледа отечена) не произведува доволно хормони кои му се потребни на вашето тело.
Ако ја имате оваа состојба, може да чувствувате замор, да имате опаѓање на косата, запек, неправилни менструации, болки во зглобовите и потешкотии со поднесувањето ниски температури.
Хипотироидизмот лесно се дијагностицира преку анализа на крвта и се третира со лекови кои го заменуваат хормонот што вашата тироидна жлезда не го создава самостојно.
Чувствителност на сол
Некои луѓе се особено осетливи на задржување на солта, што може да резултира со надуеност на лицето по консумирање на солена храна. Оваа осетливост може да биде поврзана и со висок крвен притисок, па затоа е важно да обрне внимание на можните реакции на организмот по внесувањето на солена храна, пренесува self.com.
Во случај на какви било невообичаени симптоми, важно е да се побара лекарска помош за да се постави точна дијагноза и да се обезбеди соодветен третман. Отеченото лице може да биде знак за посериозни здравствени проблеми, па затоа е важно внимателно да се следат симптомите и да се реагира навреме.