Се одржа втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“

Стартот и целта беа кај споменикот на Кочо Рацин кај велешката Гимназија која го носи неговото име. Се трчаше на 5 и 10 километри, а најмалите на 400 метри.

Дождот и лизгавите улици полни со вирови не ги спречи околу стотина деца и околу 500 возрасни од Велес и повеќе македонски градови како и од Врање од Србија и еден учесник од Италија, успешно да ја поминат целта на втората атлетска трка "Трчаме за Рацин",која се одржа синоќа низ велешките главни улици.

Стартот и целта беа кај споменикот на Кочо Рацин кај велешката Гимназија која го носи неговото име. Се трчаше на 5 и 10 километри, а најмалите на 400 метри.

Дарио Ивановски победи во силна конкуренција на 10 километри кај мажите со време 31,46 минути ,а кај жените прва беше Билјана Кираџиева со време 40,07 минути.

На 5 километри победник е Грегоријан Ничовски со време 17,26 минути, а кај жените Теа Божиновска со време 20,13.

Инаку трката е дел од програмата на годинашните 60 -ти јубилејни Рацинови средби во Велес.

Девојка била исфрлена од клуб поради Дејвид Бекам, се забавувал сам

Дејвид Бекам, иако ја заврши фудбалската кариера, сепак е многу следена личност каде и да се појави.

Сепак, покрај времето кое го поминува со семејството, поранешниот фудбалер знае и како да го поминува времето на вечерна забава. Неодамна беше виден како влегува во клуб во Њујорк, придружуван од неговиот најдобар пријател Дејвид Гарднер.

Малку по полноќ, кога пристигнале, забавата можела да започне.

Дуото се прикраде во „ултра-приватната“ соба, но се чини дека беше премногу тивко за Бекам, кој сакаше да ужива во метежот на клубот, изјави извор за Page Six.

Дејвид се опуштал во кабината на диџејот, во црн стајлинг, како што е опишано. Тој бил успешно маскиран, така што никој не го забележал и не обрнал внимание на неговото место, додека не го забележа девојка.

Девојката која го видела се обидела да се прикраде и да го фотографира. Иако Бекам не забележал, неговиот менаџерски тим ја виделе.

Безбедносниот тим не чекал ни момент, туку ја исфрлиле од клубот, додека Бекам продолжил да ужива и да вика „Ова е Њујорк!“, како што опишува изворот.

Маж починал на лет од Бугарија пред шокираните патници, авионот итно слетал во Келн

Авион на Jet2 од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн, откако еден патник починал за време на летот.

Летот LS3214 полетал од Бургас, Бугарија за Ливерпул вчера околу 13 часот по локално време, пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.

Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15 часот и 32 минути, брзата помош веднаш се упатила кон авионот.

Мажот, наводно, добил срцев удар и бил прогласен за мртов, и покрај напорите на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува Мирор.

По неколку часа поминати на аеродромот, авионот конечно повторно полетал за Ливерпул во 21.17 часот и слетал во Велика Британија во 22.27 часот.

Огромно суштество се појави на плажа во Орегон, луѓето не веруваат што гледаат (ВИДЕО)

Џиновско суштество, опишано од сведоци како „експеримент на луд научник“, се појавило на брегот на Орегон, а неговите фотографии ги преплавија мрежите.

Експертите посочуваат дека ова е трет ваков „инцидент“ од јуни, а откриваат за каква риба се работи.

На фотографиите гледаме дека луѓето го опколиле суштеството кое е долго повеќе од два метри и љубопитно го набљудуваат.

Многумина беа изненадени од неговите мали очи и голема уста.

Експертите откриваат дека Мола мола се насукал на брегот, а пред извесно време починал.

„Уште еден се појави на брегот во државниот парк Хаг Поинт и создаде метеж. Ако сакате да го видите, дојдете при мала плима и упатете се на север кон водопадот“, беше објавено.

Мола Мола е необично суштество, бидејќи изгледа како „глава од риба со закачена опашка“. Гледано од профилот има овална форма, инаку е издолжена и рамна.

Може да порасне до 3,2 метри во должина, додека тежи до импресивни 2.300 килограми.Живее на отворено море, најчесто во океаните, пренесува UPI.com.

Многумина веруваат дека поголемиот дел од времето го поминува во близина на површината, но всушност претпочита длабочини поголеми од 200 метри.Се храни со медузи, а покрај нив јаде и ракчиња, помали риби, ларви...

притисни ентер