Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. 

Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.

- Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.

Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.

- Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, вели Перински.

Општините секојдневно се соочуваат со уништена урбана опрема, искршени детски реквизити, уништени спортски игралишта.... На почетокот на јули, Општина Центар до медиумите испрати видеа како малолетници во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема на детско игралиште во Капиштец. Видеата, како што информираа од Општината, биле пристигнати од загрижени граѓани.

И претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски неодамна на телевизиско гостување рече дека треба да има механизам за отповикување на градоначалници кои не ја извршуваат функцијата поради која се избрани од страна на граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека тим од градоначалници и правници подготвуваат предлог законски измени коишто планираат да ги достават до Министерсвото за локална самоуправа.

- Градоначалниците имаат голема моќ и освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет, рече Ѓорѓиевски .

Масовна евакуација од Либан, луѓето бегаат од израелските напади: Ужасно е

Илјадници луѓе бегаат од Либан додека Израел ги извршува своите најтешки воздушни напади од 2006 година, кога Хезболах и израелската војска водеа разорна војна.

Синоќа авиони со либански државјани кои бегаат од израелските воздушни напади пристигнаа на Кипар откако израелската армија започна копнена операција во јужен Либан против Хезболах.

„Тоа беше ужасна ситуација, навистина ужасна ситуација“, изјави Либанецот Али Абдул Хасан за новинската агенција Ројтерс по пристигнувањето во главниот град Ларнака доцна синоќа.

49-годишникот рече дека побегнал од Бејрут откако воздушен напад го погодил неговото соседство во близина на главниот град, сериозно оштетувајќи ја неговата куќа. Тој рече дека во погодената зграда биле сместени либански семејства кои веќе побегнале од јужен Либан.

Стотици илјади луѓе се раселени во земјата во последните недели поради последниот конфликт, вклучително и повеќе од 100.000 луѓе, главно Либанци и Сиријци, кои побегнале преку границата во Сирија, според Обединетите нации.

Ѓорѓиевски: Обезбедено е ново противпожарно возило за потребите на Кисела Вода

Кисела Вода обезбеди противпожарно возило кое има за цел да ги заштити животите и имотот на граѓаните.

Како што објави на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ова возило кое е донација од “Шпаркасе Лизинг”, ќе и биде понудено на Противпожарната Бригада-Скопје, со цел таа да може поефикасно да одговори на идните предизвици и да ги заштити жителите на општина Кисела Вода. Се заблагодари на компанијата за покажаната општествена одговорност, а директорот Марјан Манчев му ги предаде клучевите од возилото и најави дека ова е почеток на соработката од која треба да произлезат бројни проекти во интерес на граѓаните.

-Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата “Шпаркасе Лизинг”, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани. Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Директорот на “Шпаркасе Лизинг”, Марјан Манчев истакна дека како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, го препознаваат значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции и ја продолжуваат таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.

-Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Противпожарното возило кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби за жителите на општина Кисела Вода. На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина-изјави директорот Манчев.

Минчев оствари билатерални средби со министрите на Србија, Словенија и Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев на маргините на националната конференција посветена на реформите во јавната администрација, оствари билатерални средби со министрите на Србија, Словенија и Црна Гора.

Министерот Минчев информирал за актуелните активности на Министерството во модернизацијата на јавните услуги преку дигитални алатки и тековните реформи насочени кон создавање поагилна администрација ориентирана кон граѓаните.

притисни ентер