Дневен хороскоп за 3. октомври 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 3. октомври 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе продолжите да се забавувате како да не постѕојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од се и да останете насмеани.

Кариера

Во работните задачи со млади , ќе откриете инвентивни идеи , кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред.

Здравје и совет

За спортистите денеска е добар ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Саканата личност денеска најверојатно пријатно ќе ја изненадите со некој готварски деликатес.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе постигнат договор со шефовите без да ве прашаат, па сепак тоа ќе биде во ваша корист.

Здравје и совет

Немир и нервоза.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина ќе имаат потреба да излезат , да прошетаат , да сретнат интересни лица и со нив да споделат што им лежи на срцето.

Кариера

Во дејностите каде има слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите добро познати дејности ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Занимавајте се со она што го сакате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во љубовните прашања денеска нека ве води вашата интуиција. Со таква помош , се ќе биде подобро и полесно.

Кариера

На многумина од вас денеска нема да им се работи . Расположението ќе ве води во неистражени подрачја и хобија.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ја пополнувате ваквата празнина.

Кариера

Со новите ,,стручни” планови и потези би можеле да бидат загрозени некои права на вашите колеги.

Здравје и совет

Помогнете им на послабите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Ако тоа ви е премногу комплицирано , почекајте.

Кариера

Ќе се обидете да се приберете и јасно да ги изразите своите намери . Ќе биде тоа чекор напред во расчистување на една работа.

Здравје и совет

Бидете прецизни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои сеуште се сами , нека не се откажат од додворувања.

Кариера

Следува добар развој на настаните поврзани со странска фирма или со партнери од странство.

Здравје и совет

Чувајте се од сопствената грубост.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Какошто ќе минува денот , се повеќе ќе сфаќате дека работите си доаѓаат на свое место. Тоа ќе ве направи среќни.

Кариера

Дернешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите киолеги на работното место. Најдете компромис.

Здравје и совет

Здравјето ви е стабилно и добро.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

На сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска.

Кариера

Вашата деловна комуникација денеска одлично ќе се одвива . Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања.

Здравје и совет

Мали недоразбирања при договарањата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку ви се пристори дека ви недостига страст во интимните односи , препуштете му се на партнерот. Саканата личност тоа ќе го надомести.

Кариера

Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Не се гржете, сето тоа ќе се врати од друга страна.

Здравје и совет

Движете се повеќе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеска ќе увидат дека се вистински среќници и џдека во љубовта им се остваруваат бројните желби. Чувајте го тоа.

Кариера

Повеќето од вас денеска успешно ќе ја поврзат креативноста , интуицијата , стандардните работи и опуштениот пристап кон нив.

Здравје и совет

Ќе бидете комплетни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Без оглед на малите внатрешни немири , вие денеска толку многу ќе блескате , што тоа ќе се пренесе на сите околу вас. Среќни сте.

Кариера

Ќе ги игнорирате анализите од претходниот период кои уште не се во целост готови и со сигурност ќе се посветите на денешните задачи.

Здравје и совет

Вие сте посилни од немирот.

Масовна евакуација од Либан, луѓето бегаат од израелските напади: Ужасно е

Илјадници луѓе бегаат од Либан додека Израел ги извршува своите најтешки воздушни напади од 2006 година, кога Хезболах и израелската војска водеа разорна војна.

Синоќа авиони со либански државјани кои бегаат од израелските воздушни напади пристигнаа на Кипар откако израелската армија започна копнена операција во јужен Либан против Хезболах.

„Тоа беше ужасна ситуација, навистина ужасна ситуација“, изјави Либанецот Али Абдул Хасан за новинската агенција Ројтерс по пристигнувањето во главниот град Ларнака доцна синоќа.

49-годишникот рече дека побегнал од Бејрут откако воздушен напад го погодил неговото соседство во близина на главниот град, сериозно оштетувајќи ја неговата куќа. Тој рече дека во погодената зграда биле сместени либански семејства кои веќе побегнале од јужен Либан.

Стотици илјади луѓе се раселени во земјата во последните недели поради последниот конфликт, вклучително и повеќе од 100.000 луѓе, главно Либанци и Сиријци, кои побегнале преку границата во Сирија, според Обединетите нации.

Ѓорѓиевски: Обезбедено е ново противпожарно возило за потребите на Кисела Вода

Кисела Вода обезбеди противпожарно возило кое има за цел да ги заштити животите и имотот на граѓаните.

Како што објави на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ова возило кое е донација од “Шпаркасе Лизинг”, ќе и биде понудено на Противпожарната Бригада-Скопје, со цел таа да може поефикасно да одговори на идните предизвици и да ги заштити жителите на општина Кисела Вода. Се заблагодари на компанијата за покажаната општествена одговорност, а директорот Марјан Манчев му ги предаде клучевите од возилото и најави дека ова е почеток на соработката од која треба да произлезат бројни проекти во интерес на граѓаните.

-Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата “Шпаркасе Лизинг”, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани. Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Директорот на “Шпаркасе Лизинг”, Марјан Манчев истакна дека како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, го препознаваат значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции и ја продолжуваат таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.

-Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Противпожарното возило кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби за жителите на општина Кисела Вода. На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина-изјави директорот Манчев.

Минчев оствари билатерални средби со министрите на Србија, Словенија и Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев на маргините на националната конференција посветена на реформите во јавната администрација, оствари билатерални средби со министрите на Србија, Словенија и Црна Гора.

Министерот Минчев информирал за актуелните активности на Министерството во модернизацијата на јавните услуги преку дигитални алатки и тековните реформи насочени кон создавање поагилна администрација ориентирана кон граѓаните.

притисни ентер