Докторот обвинет за смртта на Метју Пери, ја призна вината за нелегална дистрибуција на кетамин

Еден од двајцата калифорниски лекари меѓу петмината обвинети за смртта од предозирање на ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, вчера се изјасни за виновен за незаконско дистрибуирање на кетамин.

Марк Чавез ја призна вината пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор.

Друг лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетиот Јасвен Санга, познат како „Кралицата на кетаминот“. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вбризгал дрогата на Пери, и наводниот посредник кој рекол дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.

Властите велат во СМС пораките до Чавез за тоа колку да му наплатат на Пери за дрогата, Пласенсија напишал: „Се прашувам колку ќе плати овој морон“. Според судските документи, Пласенсија му препишала кетамин на Пери и обезбедил асистент кој му ја инјектирал дрогата.

Според обдукцијата во декември 2023 година, Пери почина на 54-годишна возраст во октомври 2023 година од акутни ефекти на кетаминот и други фактори кои го натерале да ја изгуби свеста и да се удави во џакузи. Најпознат беше по улогата на Чендлер Бинг во хит телевизискиот ситком Пријатели од 1990-тите.

Николоски: До следната летна сезона во функција поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево

До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун.

До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, Николоски информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени.

Според него, изведувачите последен пат имале видено пари минатиот ноември и тоа е една од причините што изградбата на автопатот е заглавена.

-Очекувам од 7 октомври средствата да се стават на располагање на изедувачите што ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид - Кичево. Во таа насока правиме измени на Законот за експропријација во делот на оставинските постапки кои се голем проблем за реализирање инфраструктруни проекти. Сакам да ја информирам јавноста дека конечно се ефектуираше Анексот 6 што беше потпипшан во 2023 година, за дополнителните средства за изградба на автопатот Охрид - Кичево. Изведувачите последен пат имаа видено пари минатиот ноември. Од тогаш до денес не е ништо платено. Кој би работел една година без пари? Тоа е една од причините што овој проект е заглавен. Во комуникација со Ексим банката успеавме да ја завршиме целата документација. Добив информација минатиот четврток дека кредитот е ефективен, средтсвата се одобрени, истакна Николоски.

Тој на почетокот кажа дека Министерството со кое раководи наследило тешка ситуација и празен буџет.

-Буквално третиот ден се соочив со ревизорскиот извештај за работењето на ЈП за државни патишта и двете железнички претпријатија. Го доставв до ЈО, но до денес немам информација дека ЈО постапило иако се работи за многу сериозни наоди, потенцира министерот.

Лашкоска: Споредбените анализи ни помагаат во дефинирање на приоритетите

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори настанот „Изгледите за конкурентност на Западен Балкан за 2024 година“ .

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори настанот „Изгледите за конкурентност на Западен Балкан за 2024 година“ на кој беа презентирани специфичните клучни наоди за економскиот профил на нашата држава од евалуацијата спроведена во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

- Од страната на МЖСПП, имплементираме многу проекти подржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои имаме и големи инфраструктурни проекти вклучени во националните стратегии, за кои е потребна здрава економија – истакна Лашкоска во своето обраќање.

Според неа, МЖСПП веќе има постигнато значителен напредок во областа на животната средина, но остануваат уште многу предизвици во спроведувањето на проектите и политките.

- Затоа алатката создадена од податоците пренесени од евалуцијата, ќе ни покаже во кои области ќе треба да ставиме приоритет. Таа евалуација ќе ни даде можност да се споредиме со другите земји од регионот, но и со земјите членки на ЕУ и ОЕЦД во правец на подобрување на нашите општи политики за владеење – рече заменик министерката.

На настанот се дискутираше за главните постигнувања и предизвици во економијата на нашата земја, за перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија, поттикнувањето на одржлив раст и забрзување на нејзиното приближување кон земјите членки на ЕУ и ОЕЦД.

Дискусиите беа насочени и кон економските перформанси во политиките за животна средина и споделувањето на најновите насоки и стандарди за политики на ОЕЦД.

Двајца доктори и рендген техничар од Прилеп загинаа на пат кон клиника во Битола

Катастрофална загуба за Македонија и македонското здравство, во трагична сообраќајна несреќа утрово изгубивме двајца врвни лекари, пишува во објавите на социјалните мрежи.

Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа.

Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.

Менаџерскиот тим и целиот персонал на Болница Плодност со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги. објавија од битолската клиника Плодност..

притисни ентер