СДСМ: Развиваме нов пакет мерки за реконструирање и заживување на економијата, досега 30.000 компании аплицирале за поддршка

СДСМ работи и развива нов пакет мерки кои треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

СДСМ работи и развива нов пакет мерки кои треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија.

Сега кога здравствената криза полека го губи интензитетот се фокусираме на развивање на економски мерки за дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија.

Преку мерки на краток, среден и долг рок, преземаме чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија.

Владата, предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места.

Досега вкупно, бројот на компании кои добиле некаков вид на помош и кои аплицирале за поддршка изнесува околу 30.000.

Во моментот, голем интерес има за помошта за плата од 14.500 денари по вработен, за која досега аплицирале над 23.359 компании, или околу 30% од активните субјекти. За оваа мерка се пријавиле 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните.

Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5,588 вработени. За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени 2.400 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година.

Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.

Ослободување од плаќање на аконтациите на данок на добивка и данок на личен доход за март, април и мај 2020 година, искористија околу 1.300 компании, а поднесени се околу 1.800 апликации кои се обработуваат.

Со тоа ја остваруваме првичната проценка дека со овие мерки ќе се обезбеди помош за околу 30.000 претпријатија и спас на 250.000 работни места.

Не се изоставени ниту граѓаните кои се дел од неформалната економија. Со релаксирање на условите, од 3 април центрите за социјална работа примиле 970 нови барања за остварување на правото на гарантирана минимална помош и тие се решаваат тековно.

Владата предводена од СДСМ покажа дека е подготвена да одговори на предизвикот, граѓаните знаат дека во нас имаат партнер и дека сме тука за заедно за да ја премостиме кризата, се наведува во партиското соопштение..

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

притисни ентер