Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Состојба на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

АМСМ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Тел. (02)15-555

Гвардиола: Не исклучувам дека ќе ми биде продолжен договорот

Тренерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола не ја исклучува можноста за продолжување на договорот.

- Разговараме со клубот многу години. Не исклучувам дека договорот ќе биде продолжен. Реков дека би сакал да останам затоа што навистина го мислам тоа. Девет години во еден клуб е вечност. Сакам да бидам сигурен дека ова е вистинската одлука за клубот, за играчите, изјави Гвардиола за британските медиуми.

Шпанецот го води тимот од 2016 година. За тоа време, Манчестер сити шест пати стана шампион на Англија, а ја освои и Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Во Франција и утринава нарушен железничкиот сообраќај

Одредени возови во Франција и денеска беа во прекин, еден ден по „масовниот и добро подготвен“ напад врз мрежата на брзите возови (ТГВ), извршен неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Состојбата се подобрува, но железничкиот сообраќај и денеска ќе биде нарушен, со доцнење на возовите од најмалку еден час.

Француската железница СНЦФ синоќа соопшти дека ќе биде обезбеден превоз за олимписките спортисти и нивниот персонал.

Неколку пожари избувнаа ноќта меѓу четвртокот и петокот на мрежата на ТГВ. Пресечени и запалени се некои кабли, а запалени се и сигнални кутии. Таа опрема покрај специјалната пруга за тој тип возови дава безбедносни информации за машиновозачите.

СНЦФ го означи нападот како саботажа, а париското обвинителство отвори истрага.

Нападот се случил неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимпијадата, во време кога многу патници планирале да патуваат во Париз.

За време на викендот околу 800.000 патници ќе бидат погодени од нарушениот железнички сообраќај, кој е омилено и најпрактично превозно средство за Французите.

притисни ентер