СДСМ: Мицкоски дојде на власт и смени лента

Мицкоски дојде на власт и смени лента, договорот со Бехтел и Енка беше „историски криминал“ а сега е супер.

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.

„Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“

“Таму се фатени буквално во сериозен криминал“

„Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“

„Ова е историска пљачка“

Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци.

Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента.

Одеднаш се е различно, се е супер.

Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.

Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!

Соопштение за јавност - реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски

СДСМ

Австриската полиција трага маж, кој уби градоначалник и уште едно лице додека бегал

Роналд Дреклер (56) е осомничен за убиство на градоначалникот Франц Хоф (64) и уште едно лице.

Тој се уште е во бегство, а австриската полиција предупредува дека е многу опасен и вооружен.

Полицијата апелира до сите доколку го видат веднаш да ги известат надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека на престрелката ѝ претходела дискусија за прекршоци во ловот.

Франц Хоф, наводно, бил убиен од ловецот Роналд, кој застрелал уште најмалку две лица при неговото бегство.

Според Билд, ловецот убил уште едно лице при бегството.

Хофер, кој е татко на три момчиња, наводно бил градоначалник на градот од 2008 година. Тој бил многу подолго во локалниот совет.

Одложено е судењето на Жерар Депардје, обвинет е за силување жени

Францускиот актер Жерар Депардје неодамна беше обвинет за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филмот „Les volets verts“ во јуни 2021 година, а судењето закажано за денеска, е одложено.

- Жерар Депардје е крајно погоден и, за жал, лекарите му забранија да присуствува на рочиштето, поради што бараме одложување за подоцна, за да може да присуствува - изјави неговиот адвокат Џереми Асус за „Франсинфо“.

Во април годинава полицијата го привела на разговор, но набргу потоа бил пуштен од полициска станица.

- Полицискиот притвор заврши. Тој не беше приведен - изјави тогаш неговиот адвокат Кристијан Сан-Пале, додавајќи дека актерот ги негира споменатите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Инаку, на 9 јануари годинава жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува Депардје дека ја пипкал по интимните делови, со груби навреди.

Пред тоа, актерот беше обвинет за слично однесување од уште 13 жени. Наводите биле изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборувале анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови помеѓу 2004 и 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот бил официјално обвинет за силување и сексуален напад поврзан со тужба поднесена во 2018 година од актерката Шарлот Арну. Случајот беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а во декември беше поднесена кривична пријава.

Димитриевска: Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција

Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција, затоа што најголемиот број од членовите се избрани на непосредни избори од страна на јавните обвинител, изјави претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска. 

притисни ентер