Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво

Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација.

Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата година. Јаглерод диоксидот се акумулира побрзо од кога било во атмосферата, зголемувајќи се за повеќе од 10 проценти за две децении.

- Уште една година. Уште еден рекорд. Ова треба да биде повик за будење за носителите на одлуки. Очигледно заостануваме зад целта на Парискиот договор за климата од 2015 година, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација, Селест Сауло.

Таа додаде дека глобалните температури на копно и море во 2023 година беа највисоки забележани од 1850 година.

Земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување на помалку од два степени над прединдустриските нивоа, дури и до 1,5 степени ако е можно.

- Сè додека продолжуваат емисиите, стакленички гасови ќе продолжат да се акумулираат во атмосферата, зголемувајќи ги температурите, се наведува во извештајот на Светска метеоролошка организација.

Годишниот извештај на Светската метеоролошка организација за стакленички гасови е објавен во пресрет на КОП29 – следниот Самит на ОН за климата, што ќе се одржи од 11 до 22 ноември во Баку.

Одложено е судењето на Жерар Депардје, обвинет е за силување жени

Францускиот актер Жерар Депардје неодамна беше обвинет за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филмот „Les volets verts“ во јуни 2021 година, а судењето закажано за денеска, е одложено.

- Жерар Депардје е крајно погоден и, за жал, лекарите му забранија да присуствува на рочиштето, поради што бараме одложување за подоцна, за да може да присуствува - изјави неговиот адвокат Џереми Асус за „Франсинфо“.

Во април годинава полицијата го привела на разговор, но набргу потоа бил пуштен од полициска станица.

- Полицискиот притвор заврши. Тој не беше приведен - изјави тогаш неговиот адвокат Кристијан Сан-Пале, додавајќи дека актерот ги негира споменатите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Инаку, на 9 јануари годинава жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува Депардје дека ја пипкал по интимните делови, со груби навреди.

Пред тоа, актерот беше обвинет за слично однесување од уште 13 жени. Наводите биле изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборувале анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови помеѓу 2004 и 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот бил официјално обвинет за силување и сексуален напад поврзан со тужба поднесена во 2018 година од актерката Шарлот Арну. Случајот беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а во декември беше поднесена кривична пријава.

Димитриевска: Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција

Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција, затоа што најголемиот број од членовите се избрани на непосредни избори од страна на јавните обвинител, изјави претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска. 

Четврта јавна расправа за предлог законските решенија за реформи во јавната администрација

Јавната администрација ќе се реформира преку нови законски решенија за административните службеници, за вработените во јавниот сектор како  и преку академија за нивна обука и стручно усовршување која ќе се формира за прв пат во земјава. 

Универзитетскиот проферор Борче Давитковски очекува што поскоро овие законски измени да бидат усвоени, имајки во предвид дека по препорака од ЕУ за реформи во јавната администрација државата ветила дека измените ќе ги усвои уште минатата година. При изработка на законите меѓудругото тој апелира да се земат во предвид и одлуките на Уставниот суд.

-Би било добро при конечната одлука да ги земете двете одлуки на Уставниот суд. Едната одлука е во поглед на статусот на вработените во високото образование а втората одлука е т.н балансер. Тоа е многу битно прашање кое што се надевам дека дали со посебен закон или во овие закони ќе бидат импементирани,- Борче Давитковски- универзитетски професор.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека процесот на носење на законите ќе биде целосно транспарентен

Синдикатите апелираат овие закони да се носат во интерес на работниците. Според претседалот на ССМ Слободан Трендафилов клучно е преку нив да се изготви нова методологија на платите на вработените во јавниот сектор регулирана со колективни договори. Дополнително тој очекува во законите да бидат вклучени и трошоци за превоз, бидејки според нивните податоци вработените трошеле и до 30% од платите за да пристигнат на работните места.

-Главна забелешка кон вас треба да биде токму уредувањето на платите со колективни договори. Ова го велиме од една причина а тоа е да се одземе улогата на моќта на креаторите на политиките самостојно без да се консултираат со работниците да ги утврдуваат платите на вработените,- Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Со денешната 4та дебата во Собранието на која присуствуваа професори, експерти, припадници на синдикатите и останати релевантни чинители се заокружи циклусот на јавни расправи, по што Минчев најави изработка на 3те предлог законски решенија, а понатаму и нивна имплементација.

притисни ентер