СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес, се очекува избор на највисоките тела на партијата

СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор.

Портпаролката на партијата Богданка Кузеска вчера информираше дека конгресот ќе има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата.

Според најавата, прво ќе биде отворениот дел од конгресот на кој ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче.

Конгресот треба да започне во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Принцезата Кејт ги повика преживеаните деца од масакрот во Саутпорт на Божикен концерт

Британската принцеза Кејт ги покани децата кои го преживеаја нападот во Саутпорт во јули на концерт со божиќни песни, објавија британските медиуми.

Принцезата од Велс е надвор од очите на јавноста во поголемиот дел од годината бидејќи се лекува од рак.

Како што информираат од Кенсингтонската палата, децата се поканети да присуствуваат на настанот Together for Christmas на 6 декември, кој принцезата го организира по четврти пат во Вестминстерската опатија.

Во напад со нож на час по танц во Саутпорт, на крајот на јули беа убиени три деца, се сеќава Скај њуз.

Кејт и принцот Вилијам ги посетија и разговараа со семејствата на загинатите во нападот во Саутпорт минатиот месец.

Мистериозни дронови се забележани над три американски воени бази во Британија

Неколку неидентификувани беспилотни летала се забележани над три воздушни бази во Обединетото Кралство, потврдија американските воздухопловни сили (USAF).

Инцидентите, кои се случиле помеѓу средата и петокот, биле пријавени над РАФ Лакенхит и РАФ Милденхал во Сафолк, како и РАФ Фелтвел во соседниот Норфолк. УСАФ, која ги користи базите, рече дека се уште не е јасно дали беспилотните летала претставуваат закана. Тие не коментираат ниту дали се користени одбранбени механизми, но нагласија дека го задржуваат „правото да ги штитат“ своите објекти.

„Можеме да потврдиме дека беспилотните летала беа забележани во близина и над базите. Имаше неколку од нив, и тие се разликуваа по големина и конфигурација. Активно ги набљудувавме, а раководството на базата заклучи дека ниту еден од упадите не влијаел на жителите на базата или на клучната инфраструктура. Продолжуваме да го следиме нашиот воздушен простор и да работиме со локалните власти за да се осигура безбедноста на персоналот, објектите и опремата“, рече портпаролот на УСАФ за Европа.

Телото на исчезнатиот рабин е најдено во ОАЕ- Нетанјаху: Ова е антисемитски чин на терор

Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го пронајдоа телото на рабинот Зви Коган, кој исчезна во четвртокот.

Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го пронајдоа телото на рабинот Зви Коган, кој исчезна во четвртокот, соопшти денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до граѓаните да не патуваат во ОАЕ.

Во заедничкото соопштение од кабинетот на Нетанјаху и израелското Министерство за надворешни работи, се наведува дека израелската амбасада во Абу Даби била во контакт со семејството на Коган во ОАЕ и дека се информирани членовите на неговото семејство кои живеат во Израел, објави Times of Israel.

Израел го нарече убиството „гнасен антисемитски чин на терор“ и вети дека ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги изведе убијците пред лицето на правдата.

Канцеларијата на Нетанјаху претходно соопшти дека Коган бил емисар на Чабад, ортодоксна еврејска организација со ограноци ширум светот, додека израелските разузнавачи рекоа дека веруваат дека најверојатно станува збор за терористички акт и дека рабинот бил следен на кошер пазар во Абу Даби.

Коган е двоен израелско-молдавски државјанин и е во Абу Даби како емисар на Чабад откако Израел ги нормализираше врските со земјата кон крајот на 2020 година.

Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување за патување до граѓаните во ОАЕ, наведувајќи дека сè уште постои закана за Израел и Евреите во земјата.

Се повикуваат Израелците да избегнуваат „ бизнис посети, места за собирање и места за забава идентификувани со израелското и еврејското население“ и да избегнуваат истакнување на израелски симболи.

Патниците, кои се веќе во ОАЕ, исто така, се предупредени да избегнуваат објавување информации за тоа на социјалните мрежи и да ги заклучат своите онлајн профили.

притисни ентер