Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија

Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1).

Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори.

Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу 1958 и 1963 година. Таткото на Даниел, Паоло, има 126 настапи за Италија во периодот од 1988 до 2002 година, а освои сребрени и бронзени медали на Светските и Европските првенства.

Чезаре и Паоло Малдини се во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта

 Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.

Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.

Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.

СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. 

Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст.

Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.

Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?

Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.

Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.

СДСМ

притисни ентер