Драма на црвениот тепих, славните актерски се покошкаа!(видео)

 Снимка од инцидентот, едната ја поттурна и ѝ подвикна: „Не допирај ме“! 

Никој не очекуваше вакво нешто од ѕвездите на Холивуд Никол Кидман и Селма Хајек.

Познатата актерка Никол Кидман се однесуваше, во најмала рака, грубо и недолично кон својата колешка Селма Хајек. Имено, тие двете се најдоа на црвениот тепих истовремено со пејачката Кети Пери пред ревијата на Баленсијага за време на неодамнешната Модна недела во Париз, но никој не можеше да сонува дека ќе се случи она што случи.

На видеото, кое штотуку се појави на социјалните мрежи, се гледаат трите славни жени кои се подготвуваат да позираат. Додека Никол е свртена со грбот кон фотореортерите, Селма во еден момент ја фаќа и ја врти кон себе и објективите. Ова очигледно ја изнервирало австралиската актерка која ја оттурнува раката на Селма, пишува „Daily Mail“.

@gala.fr #salmahayek #nicolekidman #katyperry #balenciaga #tiktokfashion #pfw ♬ Way down We Go - KALEO

Според порталот, кој се повикува на изјава на сведок на инцидентот, Никол, откако ѝ ја оттурнала раката, наводно ѝ подвикнала на Селма: „Не допирај ме!“ Потоа Никол ѝ го врти грбот, повторно се врти кон Селма и ѝ вели нешто, мавтајќи со раката, како да ѝ вели да престане. Збунетата Селма нешто ѝ одговара, како да се правда.

Сведок на овој немил настан беше пејачката Кети Пери, која изгледа засрамено поради тоа што се случуваше. Исто така, бројни фотографи тврдат дека тензијата помеѓу двете актерки можела да се почувствува.

По кусото позирање, Кидман се поздравува со Пери, ѝ кажува нешто грубо на Селма, која е целосно збунета од однесувањето на нејзината колешка.

На никого не му е јасно од каде доаѓа оваа тензија помеѓу двете актерки која е на граница на конфликт. Тие двете, барем колку што е познато, никогаш немале никаков проблем.

Видеото од инцидентот помеѓу двете актерки стана вирално на социјалните мрежи и веќе собра повеќе од осум милиони прегледи. Многумина се запрашаа што се случило со Никол, која беше толку непријатна спрема нејзината колешка.

- Зошто Никол е толку непристојна?

- Ова е одвратно! Се гледа колку Селма е збунета од нејзиното однесување.

- Не сум изненадена, Никол глуми дека е фина, а е спротивно од тоа. Овде го покажа вистинското лице.

- Сфаќам дека Селма веројатно се обиде да ја насочи да позира пред камерите, но некои луѓе без разлика на ситуацијата, не сакаат да ги допираат, и тоа едноставно треба да се почитува - беа дел од коментарите на овој настан.

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ откако е во опозиција ја смени песната

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, на власт не им чинеше балансерот, сега плачат по него со цел да дефокусираат.

ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, на власт не им чинеше балансерот, сега плачат по него со цел да дефокусираат, ги штитат местачите на тендери и се закануваат со дестабилизација.

ДУИ треба да сфати дека мора да прекине со манипулациите. Едно зборуваа кога беа на власт, сега во опозиција друго.

Да ги потсетиме ДУИ, кога беа на власт усвоија Стратегија за реформи во администрација за 2023-2030 година. Во истата констатираат дека балансерот како алатка се злоупотребува и треба да се укине. И Брисел порача и тоа јасно дека балансерот треба да се укине.

Како за ДУИ во 2023 година балансерот се злоупотребувал, а сега е неопходен?!

ДУИ додека беше на власт беше преоптоварена со местење тендери, бизниси во четири очи, а наоѓаа време во државни институции да играат фудбал.

ДУИ додека беше на власт не ја интересираше што стотина илјади млади заминаа, што граѓаните лошо живееја.

Сега ја сменија песната затоа што се опозиција имаат слободно време и гледаат само како да напаѓаат.

Сега од ДУИ гледаат само како да направат незадоволство, да дестабилизираат, односно како да го одвлечат вниманието од главната тема, а тоа е дека нивните функционери треба да одговараат.

ДУИ има една цел нивните функционери да не одговараат на ниеден начин и тоа се спремни да го попречат по секоја основа.

На ДУИ им порачуваме дека нивните обиди за замајување на јавноста не поминуваат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија

Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1).

Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори.

Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу 1958 и 1963 година. Таткото на Даниел, Паоло, има 126 настапи за Италија во периодот од 1988 до 2002 година, а освои сребрени и бронзени медали на Светските и Европските првенства.

Чезаре и Паоло Малдини се во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта

 Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.

Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.

Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.

притисни ентер