Скриена болест која може да ви го уништува црниот дроб без да бидете свесни

  Ова се симптомите, а една работа може да ви го спаси животот!

Слабеењето и промените во исхраната може да бидат клучни во спречувањето на напредокот на оваа болест.

Се проценува дека 40 проценти од луѓето во светот имаат потенцијално опасна состојба на црниот дроб - MASLD (стеатотично заболување на црниот дроб поврзано со метаболичка дисфункција). Она што е најлошо, оваа болест може да ви го уништува црниот дроб со години без воопшто да знаете!

Стеатозата може да остане незабележана бидејќи често нема никакви симптоми додека не достигне напредна фаза. Токму затоа е важно луѓето редовно да одат на контроли за следење на состојбата на црниот дроб.

Влијание на исхраната и наследни фактори

Луѓето со замастен црн дроб често имаат вишок маснотии во него и метаболички ризик фактори како што се дебелината, високиот шеќер во крвта и високиот крвен притисок. Кај луѓето со дијабетес тип 2 и дебелина, отпорноста на инсулин и прекумерното внесување на калории може да доведат до акумулација на маснотии во црниот дроб, што го прави поподложен на повреди.

Латиноамериканците имаат поголема веројатност за развој на оваа болест поради генетските варијанти и метаболичките проблеми.

Превентивни мерки и третмани

Дијагнозата замастен црн дроб може да се постави со користење на резултатите од FIB-4, но често се случува болеста да се открие кога веќе е во напредна фаза. Сепак, во раните фази, нејзината прогресија може да се забави со губење на тежината и промени во исхраната. Како можни третмани се препорачуваат медитеранска исхрана, редовна физичка активност и баријатриска хирургија.

Примена на нови лекови

Неодамна одобрениот лек ја лечи фиброзата на црниот дроб преку спречување на воспалението и намалување на лузните. Исто така, промените во животниот стил, како што се губење на тежината и контролираното внесување на шеќерот и јаглехидратите, може да имаат значително влијание врз здравјето на црниот дроб. Пример за успехот на таквите промени е приказната за Шавана Џејмс-Колс, која откако ѝ бил дијагностициран замастен црн дроб, успеала да ја промени својата состојба преку губење на тежината и прилагодување на исхраната, пишува nytimes.com.

Стеатозата е опасна состојба која може да доведе до цироза на црниот дроб и други сериозни компликации. Важно е луѓето да се свесни за ризикот и редовно да се тестираат за да се открие оваа состојба во рана фаза.

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ откако е во опозиција ја смени песната

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, на власт не им чинеше балансерот, сега плачат по него со цел да дефокусираат.

ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, на власт не им чинеше балансерот, сега плачат по него со цел да дефокусираат, ги штитат местачите на тендери и се закануваат со дестабилизација.

ДУИ треба да сфати дека мора да прекине со манипулациите. Едно зборуваа кога беа на власт, сега во опозиција друго.

Да ги потсетиме ДУИ, кога беа на власт усвоија Стратегија за реформи во администрација за 2023-2030 година. Во истата констатираат дека балансерот како алатка се злоупотребува и треба да се укине. И Брисел порача и тоа јасно дека балансерот треба да се укине.

Како за ДУИ во 2023 година балансерот се злоупотребувал, а сега е неопходен?!

ДУИ додека беше на власт беше преоптоварена со местење тендери, бизниси во четири очи, а наоѓаа време во државни институции да играат фудбал.

ДУИ додека беше на власт не ја интересираше што стотина илјади млади заминаа, што граѓаните лошо живееја.

Сега ја сменија песната затоа што се опозиција имаат слободно време и гледаат само како да напаѓаат.

Сега од ДУИ гледаат само како да направат незадоволство, да дестабилизираат, односно како да го одвлечат вниманието од главната тема, а тоа е дека нивните функционери треба да одговараат.

ДУИ има една цел нивните функционери да не одговараат на ниеден начин и тоа се спремни да го попречат по секоја основа.

На ДУИ им порачуваме дека нивните обиди за замајување на јавноста не поминуваат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија

Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1).

Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори.

Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу 1958 и 1963 година. Таткото на Даниел, Паоло, има 126 настапи за Италија во периодот од 1988 до 2002 година, а освои сребрени и бронзени медали на Светските и Европските првенства.

Чезаре и Паоло Малдини се во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта

 Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.

Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.

Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.

притисни ентер