Гвардиола може да го продолжи договорот со Манчестер сити на уште една година

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола може да го продолжи договорот со клубот на уште една година.

Според „The Telegraph“, ова е најверојатното сценарио и покрај гласините дека Шпанецот би можел да ја предводи Англија.

Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити е до крајот на јуни 2025 година. Раководството на „Граѓаните“ би сакало да склучи подолгорочен договор, но ќе биде задоволно доколку Шпанецот потпише договор на уште една година.

Гвардиола е на чело на Манчестер сити од јули 2016 година. Заедно со тимот шест пати стана шампион на Англија, четири пати го освои англискиот Лига куп, три пати Суперкупот и два пати националниот куп. Има и титула во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Видео: Одржан натпреварот за најголема тиква во САД

Тревис Гингер, наставник по Земјоделство од американската сојузна држава Минесота, одгледал тиква тешка тон и 121 килограм. Тој победи на натпреварот којшто секоја година се одржува во Калифорнија.

Американските медиуми известуваат дека 51. Светско првенство во тиква се одржало во заливот Халф Мун, јужно од Сан Франциско. Учествувале земјоделци и одгледувачи од различни делови на земјата, пренесува „Коустсајд њуз“ (Coastside News).

Победникот изјави дека годинава се сосредоточил на „здрава почва“, но и овогодишната дождлива и студена есен можеби влијаела на растењето на тиквите.

За Гингер, ова е четврта победа во ова натпреварување.

Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови.

Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

-Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата, децидна е министерката.

Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.

Соопштени резултатите од Пописот во Црна Гора: Зголемен бројот на жители за два отсто

Според резултатите од пописот одржан во декември минатата година, најмногу граѓани на Црна Гора се изјасниле како Црногорци - 41,12 отсто (256.436).

По нив следат Србите со 32,93 отсто (205.370), додека 9,45 отсто од граѓаните (58.956) се изјасниле како Бошњаци. Вкупно 4,97 отсто од граѓаните (30.978) се изјасниле како Албанци, 2,06 отсто (12.824) како Руси, а 1,63 отсто (10.162) како муслимани. Свое мислење не сакале да го кажат 2,88 отсто од граѓаните или 17.907.

Ова беше објавено денеска на прес-конференцијата на Заводот за статистика (Монстат) во Подгорица, пренесува РТЦГ.

Според прелиминарните резултати од пописот, во Црна Гора живеат 633.158 жители, што е за два отсто повеќе од 2011 година.

Според пописот од 2011 година, Црногорците биле, исто така, најмногу 44,97 отсто (278.865), Србите 28,72 отсто (178.110), Бошњаците 8,64 отсто (53.605), Албанците 4,9 отсто (30.439), муслиманите 3,35 (6, 25 отсто), 20 отсто ), а Хрватите 0,97 отсто (6.021). На тој попис 0,33 отсто од граѓаните се изјасниле како Срби-Црногорци (2.103), како Египќани исто така 0,33 отсто (2.054), а како Црногорци-Срби 0,29 отсто (1.833).

Регионална припадност на тој попис пријавиле 0,19 отсто од граѓаните (1.202).

Во 2011 година, 0,18 проценти (1.154) се изјасниле како Југословени, како Руси 0,15 проценти (946), како Македонци 0,14 проценти (900), како Босанци 0,06 проценти (427), како Словенци 0, 05 проценти (354), како и Унгарци 0,05 отсто (337), а како муслиманско-црногорци 0,04 отсто (257), додека 0,031772707 отсто од граѓаните се изјасниле како Горанци (197).

Во 2011 година, 0,02 отсто од граѓаните се изјасниле како муслимани-Бошњаци (183), како Бошњаци-муслимани исто така 0,02 отсто (181), како Црногорци-муслимани 0,02 отсто (175), Италијанци 0,02 отсто (135), Германци 0,02 отсто ), а како Турци 0,01 отсто (104).

Во 2011 година, 0,54 отсто од граѓаните (3.358) биле класифицирани како други.

Според резултатите од пописот одржан во декември минатата година, најмногу жители на Црна Гора се изјасниле за православни - 71,10 отсто (443.394). По нив следат припадниците на исламската вероисповед - 19,99 отсто (124.668), додека католиците сочинуваат 3,27 отсто од населението (20.408), според Управата за статистика (Монстат).

Вкупно 2,29 отсто од попишаните (14.260) се изјасниле како атеисти, додека 2,10 отсто (13.093) не сакале да се декларираат како атеисти.

Според резултатите од пописот на населението одржан во декември минатата година, најголем дел од жителите на Црна Гора зборуваат српски јазик, 43,18 отсто од нив (269.307). По него следи црногорскиот јазик што го зборуваат 34,52 отсто (215.299), а на трето место е босанскиот со 6,97 отсто (43.470), соопшти Управата за статистика (Монстат).

Албански зборуваат 5,25 отсто (32.725), руски 2,36 отсто (14.731), српско-хрватски 2,08 отсто (12.999).

Не сакале да се изјаснат 1,71 отсто (10.691).

Пописот во Црна Гора требаше да се одржи во 2021 година, но беше одложен поради пандемијата на коронавирус.

Тој процес се спроведуваше од 3 до 28 декември минатата година, откако неговиот почеток беше повеќекратно пролонгиран поради барањата на опозицијата и советите на помалкубројните народи претходно да се исполнат одредени услови за негово спроведување.

притисни ентер