Сабаленка и Рибакина во женското финале во Бризбејн

Втората светска тенисерка, Белорусинката Атина Сабаленка ја совлада сонародничката Викторија Азаренка со 6-2, 6-4, во денешното полуфинале на ВТА на турнирот во Бризбејн и за титулата ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.

„Ги сакам дуелите против Елена“, изјави Сабаленка по пласманот во финалето.

Белоруската тенисерка утре ќе се обиде да ја освои својата 14 титула во кариерата.

Четвртата тенисерка во светот Рибакина претходно беше поуспешна од Линда Носкова од Чешка со 6-3, 6-2 и се избори за своето 15 поединечно финале во кариерата, а четврто во Австралија.

Приватните превозници со најавија блокади, Славевски им се закани со булдожери

Приватните превозници се заканија со блокади на улиците , Славески им врати дека ќе бидат отстранети со булдожери... 

Тие бараат, покачување на цената од изминат километар, бидејќи со постојната од 70 денари не можат да егзистираат. Ако заклучно со викеднов не се прифатат нивните барања и не се закаже вонредна седница на советот, во понеделник наутро ќе ги постават автобусите на крстосницата во Автокоманда, кај Народна Банка и на мостот кај Нерези

Градоначалничката Арсовска тврди дека веќе дала позитивно мислење за иницијативата на приватиниците, на што претседавачот на советот Славески и одговори дека прво треба да достави соодветни анализи од стручните служби. За Советничмката ирена витина целокупната состојба со јавниот превоз е политички оркестрирана од страна на власта за како што вели создавање на хаос

Граѓаните од друга страна пак апелираат да завршат политичките препукувања и конечно да се изнајде решение за градскиот превоз, оти велат и утринава се соочиле со метежи на постојките и доцнење на автобусите, бидејхчи од утринава приватните превозници не собраќаат.

Во меѓувреме, тендерот на ЈСП за набавка на гориво се затвора на трети декември, па засега останува мистерија дали и колку добавувачи се пријавиле и дали Скопје повторно ќе остане без јавен превоз или пак и натаму автобусите ќе се снабдуваат од стоковите резерви на државата.

Битиќи до Мицкоски: Зошто ја криете правната основа за инвестициите?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции и доделувањето поволности на инвеститорите, притоа нагласувајќи дека транспарентноста не е само етички принцип, туку и основа за доверба и заштита на јавниот интерес.

Битиќи потсети на проектот за ветерниот парк на Алказар Енерџи, вреден 500 милиони долари, кој треба да биде еден од најголемите во регионот, притоа појаснувајќи дека таквите проекти се добредојдени, но со нив секогаш се поврзува и потребата од транспарентност, која е основа за доверба, како и обврската да се заштити јавниот интерес.

„Граѓаните имаат право да знаат: според која правна основа се реализира оваа инвестиција? Кои поволности се предвидени за инвеститорот и ако се доделени, на која седница на Владата истите се одобрени? Транспарентноста во овој контекст не е само етички принцип, таа е и основа за осигурување дека одлуките се донесуваат соодветно и во интерес на сите граѓани“, му порача на премиерот Мицкоски, пратеникот Битиќи, притоа потсетувајќи го дека Северна Македонија веќе има Закон за стратешки инвестиции, создаден токму за вакви случаи.

Битиќи потсети дека овој закон обезбедува јасно дефинирани процедури и критериуми за инвестиции кои имаат големо значење.

„Зошто овој закон не е применет за проектот на Алказар Енерџи? Дали причината лежи во прецизираните процедурите или во избегнување на деталните анализи што ги бара законот и прескокнување на чекори кои се од огромна важност за транспарентноста на инвестициите од овој тип?“, праша Битиќи и додаде дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ како опозиција спречи транспарентни и законски 786 милиони евра инвестиции во енергетиката.

„Дополнителен пример за недостатокот на транспарентност е и договорот со „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени. Првично најавената инвестиција од 13,5 милиони евра и 530 работни места на крајот се намали на 8,5 милиони евра и 200 вработувања. Господине премиер, што се случи во меѓувреме? Кои поволности беа укинати или доделени на инвеститорот? “, праша Битиќи и упати порака до премиерот Мицкоски дека овие прашања се важни не само за конкретните проекти, туку и за градењето на систем кој ќе обезбеди фер и транспарентни услови за сите инвеститори, се наведуива во партиското соопштение.

Француските власти уапсија 26 шверцери на мигранти, запленети над 11 милиони евра

Француските власти уапсија 26 шверцери на мигранти од индискиот потконтинент и запленија повеќе од 11 милиони евра имот по финансиска истрага поддржана од Европол.

Истрагата резултираше со разбивање на голема криминална мрежа составена од неколку помали криминални групи вклучени во криумчарење мигранти и перење пари, соопшти Европол.

Опсежната истрага за криумчарење мигранти и финансиската истрага на француската национална полиција беше поддржана од Луксембург, Португалија и Британија. Истрагата се фокусираше на неколку меѓусебно поврзани криминални групи кои криумчареле мигранти од индискиот потконтинент, од Индија, Шри Ланка и Непал во Европа, Велика Британија и Северна Америка.

Шверцерите им овозможиле на мигрантите да патуваат во ЕУ преку Дубаи или разни африкански земји користејќи нелегално добиени туристички, работни или медицински визи.

За услуги за криумчарење на мигрантите им се наплаќаат од 15.000 до 26.000 евра по лице. Се верува дека мрежата прошверцувала неколку илјади луѓе во Франција од 2022 година, обезбедувајќи им авионски билети, лажни документи и други ресурси за да им го олесни нивното нелегално патување. Се проценува дека групите оствариле вкупно неколку стотици милиони евра незаконски профит.

Полициските и правосудните органи се фокусираа на финансиските аспекти на овој случај, откривајќи дека шверцерската мрежа перела криминални средства на неколку начини: преку фиктивни фирми, трговија со злато и хавала. Хавала е систем за неформален трансфер на пари, кој се користи во многу делови од светот, особено во земјите од Блискиот Исток, Азија и Африка. Овој систем овозможува трансфер на пари без потреба од користење на формални финансиски институции, како што се банките. Принципот на работење на Хавала се заснова на доверба и усни договори преку „хавала операторот“. Едно лице испраќа хавала пари на оператор во една земја, кој потоа контактира со друг оператор во друга земја, кој ја плаќа сумата на пари на примачот./МИА

притисни ентер