Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС.

Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС.

Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема.

Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба.

Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа:

„А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.

Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко.

Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе.

Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

По осум години мирување повторно почна да фунционира Комората на вештаци

По осум години мирување повторно почна да фунционира Комората на вештаци. Со ова, како што посочи министерот за правда Филков ќе се решат проблемите со кои се соочуваа вештаците со години наназад.

По осум години мирување повторно почна да фунционира Комората на вештаци. Со ова, како што посочи министерот за правда Филков ќе се решат проблемите со кои се соочуваа вештаците со години наназад, во поглед на нивната заштита, но и за создавањето на механизам за конторла со издавањето на лиценците и нивната важност.

-За МП основањето и работата на Комората е многу важно. Без квалитетно и навремено вештачење многу судски постапки се одолговлекуваат, а во некои случаи невозможно е да се донесат правилни и објективни одлуки. Вештаците претставуваат еден од носечки столбови врз кои се потпираат судските пресуди и одлуките на органите на државната управа,-Игор Филков – Министер за правда.

Претседателот на Комората Виктор Камнар информираше дека следниот месец на веб страната на Министерстото за правда ќе биде објавен јавен повик за сите кои ќе сакаат за прв пат да станат вештаци. Тој очекува најдоцна до април следната година да се издадат првите лиценци за новите вештаци, а тековно да се работи на релиценцирање на сите професионални кадри кои работеле и досега.

-Неселективно ќе работиме согласно законот, ќе се држиме до статутот на комората и одредбите на дициплинаската постпака која секогаш ќе биде испочутувани како и во делот на лиценцирањето на вештаците така и во делот на тоа дека секој еден престап кој ќе биде нормално доволно документиран истиот ќе биде и санкциониран,-Виктор Камнар – Претседател на Комората на вештаци.

Издавањето на лиценцата, посочи Камнар, е во надлежност на Министерството за правда, но сите обуки се преку Комората, во која се формирани 16 професионална одделенија.

Тошковски: Отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ за „Сејф сити“

„За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ“

Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски оствари работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот “Safe City” и Академијата за цивилна одбрана, информираат од МВР.

-Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел“, потенцирал министерот Тошковски.

Во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запознал со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.

За минималната плата ќе се одлучува на Социо-економскиот совет идната недела

Минималната плата во март ќе скокне за околу 8 проценти или сегашните 22 500 денари ќе се зголемат меѓу 1 600  и 1 800 денари – доколку идната недела на социоекономскиот совет не падне нов договор.

Минималната плата во март ќе скокне за околу 8 проценти или сегашните 22 500 денари ќе се зголемат меѓу 1 600 и 1 800 денари – доколку идната недела на социоекономскиот совет не падне нов договор и не се исполни барањето на сидикатите за минималец од 450 евра. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели има политичка волја за барањето на ССМ, тој лично би сакал минимланата плата да биде и 600 евра но вели мора прво да се види дали Буџетот може да го издржи тоа.

„Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде, реално еве реално да кажеме 450 евра барањето е, јас сакам да биде 600 евра но ајде да ги видиме сите засегнати страни, да се отвори темата на маса, во првите денови на месец декемрви ќе се отвори оваа тема мислам дека ќе биде барањето од синдикатите да се отвори оваа тема и таму ќе дискутираме и дебатираме ќе ги видиме сите засегнати страни ќе ги видиме и моженостите на Владата дали се предвидени толку средства негде или дали има можност да ги покријат тие, ќе ги видиме и барањата на работотдавачите оти и тие се засегнати....“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Синдакатите очекуваат до Нова година ова прашање да биде затворено. На конференцијата на Меѓународната организација на трудот, беше потенцирано дека се позначаен предизвик за земајва е справувањето со недостигот на работна сила, за што првиот синдикалец, Слободан Трендафилов вели дека е резулатат на ниските плати. Според него зголемувањето на минималецот нема да биде голем товар за државниот буџет со оглед на тоа што вели околу 37.000 работници земаат до или под минималната плата....

„На наредната седница на социоекономскиот совет ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме, за да ги убедиме пошто мораме да се убедуваме, за потребата од растот на сите плати вклучително и минималната...Денеска во Македонија според последните податоци 25 илјади работници примаат плата во висина на минималната, а 10 илјади работници примаат плата од 1 денар до 22 илјади денари, но она што е поразително е дека сите овие работници примаат плата во плико за што не се плаќаат придонеси и тоа ја чини државата 250 милиони евра на годишно ниво.“ -изјава Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

И додека се чека седницата на социоекономскиот совет – во министерството за економија со крои новогодишната потрошувачка кошничка, која овој пат треба да опфати над 600 производи, кои се тие ќе се знае идната недела. Прозиводите кои ќе се најдат на листата според најавите од ресорното министерство ќе бидат предложени од трговците и производителите.

притисни ентер