Ријана ги воодушеви сите со реклама во која позира со децата (ВИДЕО)

Ријана ги воодушеви обожавателите со новата кампања за нејзиниот бренд Savage X Fenty.

Досега секогаш се појавуваше во оскудни изданија, позирајќи во долна облека и истакнувајќи ги своите облини, но сега направи голема промена. Таа во лежерен изглед позираше со синовите, 2-годишниот РЗА и 1-годишниот Риот.

Тие беа облечени во сини спортски панталони со жолти детали, а Ријана имаше витлери во косата. Изгледот го комплетираше со едноставна шминка и накит.

„Само љубов, преслатка си“, „Нѐ освои со овој потег“, „Блескаш, мајчинството ти прилега одлично“, беа коментарите на воодушевените следбеници. "Јас сум голем фан на Ријана уште од мала, го следев секое нејзино интервју. Таа често зборуваше дека сака да биде мајка, а сега плачам од среќа кога ја гледам толку среќна и успешна", напиша девојката.

Партнерот на Ријана и татко на децата ASAP Роки не позирал со нив. Нејзината прва средба со раперот се случи во 2012 година на доделувањето на музичките награди MTV. Таа неодамна раскажа како било на средбата.

„Ме зграпчи за задникот. Тоа беше денот кога се запознавме, а тоа се случи на проба. Мојот тим беше загрижен дека сакам да му се вратам. Реков не и затоа сите беа како: „О Боже. тоа“, сподели Ријана. Сепак, поминаа години пред Ријана и Роки да бидат подготвени да стапат во врска во 2019 година.

Таа се осврна и на фактот дека на почетокот не била сигурна дали Роки е вистинскиот. „Само дозволив да се случи што и да се случи“, рече таа меѓу другото.

Ковачевски: Што побрзо почнеме побрзо и ќе завршиме, ние избегнавме да имаме поглавје со соседи

„Сега Владата вели дека нема да преговара со Брисел туку дека ќе преговара со новата Влада во Бугарија “

И Коридорот 8 и 10д беше најкриминален додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, сега пред неколку дена велат дека е историски најдобриот, да беа против –ќе гласаа против, значи не биле против. Ниту еден пратеник во Собранието не бил повикан од мене во однос на делување во Собранието, францускиот предлог беше на француското претседателство, идентитетските прашања беа тргнати од преговарачката маса, јазикот беше гарантиран. Ние сме Македонци во 2024, нема асимилација, сега преговорите за ЕУ зависат од тие што треба да го донесат дво-третинското мнозинство. Овде во Скопје при посетата на претседателката на ЕК, лево од неа седеше човекот кој го креираше францускиот предлог и тоа никој не го коментира. Актуелната Влада пред изборите излезе со платформа дека имаат нов план, но и тој план е врз основа на францускиот предлог. Сега владата вели дека нема да преговара со Брисел туку дека ќе преговара со новата влада во Бугарија. Што побрзо почнеме побрзо и ќе завршиме, ние избегнавме да имаме поглавје со соседите. Новата Влада не ја врати преговарачката рамка, тие и онака сега ќе одат по нов консензус. Се' што беше кажано во кампањата не важи, но тоа за државата е добро, бидејќи ако исполнеше се што најавуваше ќе имавме лоши односи со соседите, рече поранешниот премиер Димитар Ковачевски во Само Интервју.

Деца од 10 и 12 години возеле луксузно БМВ на пат во Романија, па се снимале (ВИДЕО)

Снимка од 10-годишно момче кое вози БМВ на пат во Романија го привлече вниманието на властите, кои покренаа истрага.

Полицијата тврди дека малото момче неколку пати било зад воланот на скапо возило, како и неговиот 12-годишен брат, пренесува Либертатеа.

Поради оваа причина таткото со законски предлог ќе биде изведен пред судија за прекршоци.

„На 30 октомври службени лица од општина Трговиште во координација со обвинителот ја продолжија истрагата во постапка по сторено кривично дело управување со возило на јавни патишта без дозвола и доверување на возило на лице без потребната дозвола. “ соопштија од Окружниот инспекторат Дамбовица.

По извршената проверка, според полицијата, било утврдено дека мажот во повеќе наврати, во периодот од февруари до август, им го „доверувал автомобилот на своите малолетни деца на 10 и 12 години“.

„На интернет се појави видео од дете кое вози БМВ на патот во населбата Дамбовица. Се чини дека е снимено од истото возило, од задното седиште. Се гледа дека детето дури се врти наоколу, а луѓето стојат покрај патот“, наведуваат надлежните.

Ковачевски: На локалните избори, очекуваме подобри резултати од претходно

„Немам комуникација со моите претходници изминатите шест месеци“

Падот на рејтингот на СДСМ почна уште по претходните парламентарни избори. Прашањето дали ќе правите влада или не, одлучувале некои други пред мене во тоа време. Работевме во услови на пандемија, војната во Украина и енергетската криза, работевме во 3 кризи истовреме. Тогаш не се одржа отчетен конгрес, затоа кога се повлеков побарав отчетен конгрес, кој да, почна во Александар Палас и не заврши, не знам зошто. Очекувам по сегашниот избор на нов претседател ќе има отчетен конгрес и ќе се состави ново раководство, особено што претстојат локални избори, на кои ќе очекуваме подобри резултати од претходно. Немам комуникација со моите претходници изминатите шест месеци. Секое мислење треба да се анализира особено што доаѓа од претходен градоначалник на Скопје, но местото на тие теми е во низ партиските тела. Секој човек заслужува да има стратегија и шанса да избира свое раководство. Грото од министрите и вниманието беше насочено кон анти-кризните мерки, справување со животниот стандард, не може да кажете дека владата не работела ништо. Измените на кз беа усогласување со ЕУ законодавството.

Погледнете ја вечерашната емисија „Само интервју“:

притисни ентер