Познат актер целосно се трансформира- неверојатно личи на Марлон Брандо (ВИДЕО)

Били Зејн е непрепознатлив откако се трансформираше во Марлон Брандо за новиот биографски филм „Waltzing With Brando“.

На неодамна објавената слика, 58-годишниот актер може да се види како ја портретира легендата за Брандо додека се подготвува да глуми во една од неговите најпознати улоги на сите времиња во Кум, објави Дејли Меил.

Обожавателите го пофалија изборот на кастингот за новиот филм, кој премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Торино во Италија, и рекоа дека трансформацијата на Зејн во Брандо е „зачудувачка“.

Во „Waltzing with Brando“, во режија на Бил Фишман, Зејн ќе го игра покојниот актер во периодот кога се подготвуваше за некои од неговите најпознати улоги во „Кум“ и „Последното танго во Париз“.

Биографскиот филм е заснован на мемоари напишани од познатиот актерски архитект Бернард Џаџ.

Приказната е за тоа како Брандо го открил Џаџ и го убедил да го изгради првото еколошки совршено светилиште на малиот, ненаселен тахитски остров Тетиароа.

Израел собори ракета на Хутите над централен Израел

Израелската противвоздушна одбрана пресретна уште една ракета истрелана од Јемен, објавија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесе ДПА

Ракетата била соборена откако навлегла во израелскиот воздушен простор, објави ИДФ на својот канал Телеграм.

Се истражуваат информациите за оштетувањапредизвикани од паѓањето на остатоците од ракетата во околината на градот Модиин, што се наоѓа меѓу Тел Авив и Ерусалим.

ДПА пренесува дека стотици илјади Израелци рано утринава беа разбудени од сирените за тревога, по што мораа набрзина да побараат засолниште.

Исламистичката милиција Хути во Јемен, како палестинската исламистичка милиција Хамас во Појасот Газа и либанската милиција Хезболах, се сојузници Иран, со главниот непријател на Израел.

Хутите постојано лансираат проектили кон Израел и кон комерцијални бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Хамас, движењето кое учествува во актуелниот конфликт со Израел уште откако го нападна Израел во октомври 2023 година, убивајќи 1.200 и земајќи 250 заложници.

Хутите првично не го коментираа последниот ракетен напад врз Израел, пренесе ДПА.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. 

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).

Од УХМР информираа дека поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во сабота претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а во повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.

Сообраќајот по суви коловози, намалена видливост и магла кај Неготино, Демир Капија и Катланово

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

ЈП Македонијапат соопшти дека поради магла видливоста е намалена кај Неготино, до 70 метри, и Демир Капија до 80 метри, како и на патот Катланово –Велес, 90 метри.

Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево., соопшти АМСМ.

притисни ентер