Ковачевски: Што побрзо почнеме побрзо и ќе завршиме, ние избегнавме да имаме поглавје со соседи

„Сега Владата вели дека нема да преговара со Брисел туку дека ќе преговара со новата Влада во Бугарија “

И Коридорот 8 и 10д беше најкриминален додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, сега пред неколку дена велат дека е историски најдобриот, да беа против –ќе гласаа против, значи не биле против. Ниту еден пратеник во Собранието не бил повикан од мене во однос на делување во Собранието, францускиот предлог беше на француското претседателство, идентитетските прашања беа тргнати од преговарачката маса, јазикот беше гарантиран. Ние сме Македонци во 2024, нема асимилација, сега преговорите за ЕУ зависат од тие што треба да го донесат дво-третинското мнозинство. Овде во Скопје при посетата на претседателката на ЕК, лево од неа седеше човекот кој го креираше францускиот предлог и тоа никој не го коментира. Актуелната Влада пред изборите излезе со платформа дека имаат нов план, но и тој план е врз основа на францускиот предлог. Сега владата вели дека нема да преговара со Брисел туку дека ќе преговара со новата влада во Бугарија. Што побрзо почнеме побрзо и ќе завршиме, ние избегнавме да имаме поглавје со соседите. Новата Влада не ја врати преговарачката рамка, тие и онака сега ќе одат по нов консензус. Се' што беше кажано во кампањата не важи, но тоа за државата е добро, бидејќи ако исполнеше се што најавуваше ќе имавме лоши односи со соседите, рече поранешниот премиер Димитар Ковачевски во Само Интервју.

Ливерпул доживотно казни дури 75 нивни навивачи, не можеа да им простат една работа

Фудбалскиот клуб Ливерпул реши да се пресмета со навивачите кои препродавале билети, па во големата акција на англиската Премиер лига „настрадаа“ многу луѓе за кои било откриено дека се занимавале со нелегална продажба.

Дури 75 навивачи добија доживотна суспензија, а 136 од нив се казнети на неопределено време, што значи дека за тоа време нема да можат да дојдат до билети за натпреварите на Ливерпул. Покрај тоа, се затворени над 100.000 лажни сметки на Интернет, кои биле вклучени во купување билети за натпреварите на „црвените“.

Проблемот бил што билетите почнале да се продаваат надвор од официјалните канали, а многумина кои ги купиле на таков начин на крајот биле изневерени.

– Во бројот на деактивирани сметки се вклучени и оние на кои им е забранет пристапот по истрагата, додека други се затворени поради сомнителни активности – нагласуваат од Ливерпул.

Ливерпул нагласи дека ќе продолжи да се занимава со случајот и ќе воспостави нови системи за заштита за сите што планираат да купат билети преку Интернет.

САД: Во Русија им осум илјади севернокорејски војници

Соединетите Држави добија информација дека моментално има осум илјади севернокорејски војници во руската област Курск, изјави денеска на седницата на Советот за безбедност заменик американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд.

Вуд го прашал рускиот колега дали Русија се уште верува дека на нејзина територија нема севернокорејски војници, а рускиот претставник во 15-членото тело не му одговорил.

Москва ниту го демантира, ниту директно го потврди присуството на севернокорејски војници. Пјонгјанг првично исто така ги негираше тврдењата, но подоцна ја бранеше идејата за испраќање своја војска, велејќи дека тоа е во согласност со меѓународното право.

Во август оваа година, украинските сили влегоа во руската погранична област во областа Курск, каде што сè уште ја држат територијата.

Советот за безбедност се состана денеска на барање на Русија во врска со испораката на оружје од Запад во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од друга страна, го критикуваше недостатокот на одговор на Западот кон Русија, откако таа ги вклучи севернокорејските трупи во војната. Тој нагласи дека слабиот одговор на меѓународната заедница може да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да го зголеми тоа воено присуство.

Украинскиот лидер изјави за јужнокорејската телевизија КБС дека верува оти Москва се обидува да постигне договор со Пјонгјанг за испраќање воени инженери и „голем број цивили“ да работат во руските фабрики за оружје.

„Путин ја проверува реакцијата на Западот и верувам дека по сите овие реакции ќе одлучи да го зголеми контингентот. Реакцијата денеска е ништо, нула“, посочи Зеленски.

Тој почна да предупредува за присуството на севернокорејски војници во Русија на 13 октомври. Западните сојузници тоа го нарекоа голема ескалација, но не одговорија со мерки ниту најавија дека ќе го сторат тоа.

Бајден си игра со бебиња на забавата по повод Ноќта на вештерките (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден за момент заборави каква важна функција ја извршува и се препушти на она по што е познат, дека сака да се забавува и да си игра со децата бидејќи во основа е постар „дедо“ кој сака да се шегува со нив. .

Така тој ги поздрави децата од својот персонал на забавата по повод Ноќта на вештерките во Белата куќа, а тој и неговата сопруга, првата дама Џил Бајден, која се маскираше во џиновска панда, беа многу среќни што се преправаа дека се плашат поради „страшните“ детски костими, како што е големото пиле, страшните животни или вонземјани, пренесе Јутарњи.

А кога една вработена му пријде носејќи го нејзиното бебе облечено во костим од мисирка, 81-годишниот Бајден не можеше да одолее на преслатката глетка и разиграно се преправаше дека ја грицка ногата на бебето мисирка. Истата шега ја повтори со дете во костим од сладолед и бебе во син фустан.

Но, очигледно не на сите им се допадна неговата шега, па некои луѓе го прозваа на социјалните мрежи. Додека едни тврдат дека тој е само „шеговит дедо на седум внуци кој е навикнат да си игра со нив“, други сметаат дека неговото однесување било непримерно.

Темата на настанот беше „Hallo-read“, посветена на 40-годишното подучување на првата дама. Џил Бајден на толпата им подели копии од детската книга „10 страшни тикви“, додека претседателот Бајден им подели бонбони со печат на Белата куќа и неговиот потпис.

Меѓу насобраните беа и децата на државниот секретар Антони Блинкен, како и директорот на ОМБ и секретарот на Белата куќа.

Претседателот Бајден радосно разговараше со децата додека делеше слатки, а понекогаш толку се занесе во приказната што имаше ред од деца кои ги чекаа своите слатки.

притисни ентер