Зеленски: Украинските и севернокорејските војници ќе се судрат за неколку дена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува судири меѓу севернокорејските и украинските војници за неколку дена.

Во интервју за Корејскиот радиодифузен систем, јужнокорејската национална телевизија, Зеленски рече: „До сега, севернокорејските трупи не учествувале во битки. Тие се подготвуваат да учествуваат во битките во Курск“, пишува Newsweek .

Западните лидери изразија загриженост поради извештаите дека Северна Кореја испратила околу 10.000 војници за да ѝ помогнат на руската воена кампања во Украина, предизвикувајќи загриженост дека продлабочувањето на учеството на Пјонгјанг во европската војна може да го дестабилизира Индо-Пацификот, особено влијаејќи на безбедносната динамика која ги вклучува Јапонија и Австралија.

Зеленски потврди дека неодамна разговарал за ова прашање со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, предупредувајќи го дека околу 3.000 севернокорејски војници се веќе стационирани во близина на украинската линија на фронтот, со очекувања дека бројот наскоро би можел да се зголеми на 12.000.

Во меѓувреме, портпаролот на американското Министерство за одбрана, генерал-мајор Пат Рајдер изјави во вторникот дека релативно мал број севернокорејски војници пристигнале во рускиот регион Курск, каде што руските сили се борат против украинските контраофанзиви.

Тој додаде дека дополнителен контингент од илјадници моментално е на пат кон областа.

Дилета Леота објави семејни фотографии, фановите ѝ порачуваат: Останете секогаш сложни

Дилета Леота објави неколку семејни фотографии на Инстаграм.

Таа позира со својот сопруг, германскиот фудбалер Лорис Кариус и нивната едногодишна ќерка Арија.

„Ние“, напиша 33-годишната италијанска водителка во описот на објавата со која ги воодушеви своите следбеници и додаде емотикони на срцето.

„Арија е преслатка, многу личи на тато“, „Убави фотографии“, „Убаво семејство, секогаш бидете вака сложни“, се дел од коментарите.

Потсетуваме, Дилета Леота и Лорис Кариус се венчаа во јуни на островот Вулкано во Италија.

На свадбата имаше повеќе од 160 гости, меѓу кои и Кјара Ферањи, Елизабета Каналис, Мишел Хунцикер и Аурора Рамацоти.

Дилета на почетокот на годината откри дека е свршена за германскиот фудбалер, со кого во август минатата година доби ќерка. „Чекав неколку месеци да ви кажам бидејќи Лорис и јас сакавме да ги доживееме емоциите од раѓањето на Арија што е можно повеќе“, напиша таа на Инстаграм.

Џенифер Лопез се налути кога ја прашаа за врската со Диди, осомничен и за силување деца

Џенифер Лопез беше на проекцијата на „Незапирливи“ минатиот викенд, а претходно истата вечер потпишуваше автограми за луѓето што присуствувале на настанот.

Според Дејли Мејл, во еден момент еден обожавател ја прашал: „Имате ли коментари за Диди и обвинувањата против него?“. Познатата пејачка наводно многу се налутила на ова прашање.

Странските медиуми наведуваат дека после тоа престанала да дава автограми и ја напуштила просторијата со своето обезбедување, додека некои обожаватели ја молеле да не си оди. Сепак, таа не сакала да се врати и заминала без да одговори на прашањето за претходната врска со Диди.

Џенифер Лопез и уапсениот музички магнат ја започнале својата врска во 1999 година, а ја прекинале во 2001 година. Пејачката и актерка изминатите неколку години имаше само добри зборови за Пи Диди. Во интервју за Access Hollywood во 2014 година, таа рече дека тој „ѝ дал водство и ја научил на многу работи“ и дека „сè уште има многу взаемна почит и восхит“ меѓу нив.

Тие беа фатени заедно во 1999 година, по пукање во ноќен клуб. По инцидентот тие го напуштиле местото на настанот, а потоа учествувале во потера додека бегале од полицијата.

Кога биле запрени, полицијата во автомобилот пронашла украден пиштол. Обвиненијата против Џенифер биле отфрлени во текот на ноќта, но Шон Комбс и пријателот кој бил со нив, Џамал ​​Бароу, отидоа на судење. Тогаш Диди беше ослободен од сите обвиненија.

Потсетуваме дека Диди е уапсен во Њујорк и е во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.

Неодамна против него беа поднесени уште пет пријави. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал. Дополнително, Комбс се товари дека дрогирал еден маж и три жени. Пред неколку дена беше обвинет и дека дрогирал и силувал момче кое тогаш имало само 10 години.

Ливерпул доживотно казни дури 75 нивни навивачи, не можеа да им простат една работа

Фудбалскиот клуб Ливерпул реши да се пресмета со навивачите кои препродавале билети, па во големата акција на англиската Премиер лига „настрадаа“ многу луѓе за кои било откриено дека се занимавале со нелегална продажба.

Дури 75 навивачи добија доживотна суспензија, а 136 од нив се казнети на неопределено време, што значи дека за тоа време нема да можат да дојдат до билети за натпреварите на Ливерпул. Покрај тоа, се затворени над 100.000 лажни сметки на Интернет, кои биле вклучени во купување билети за натпреварите на „црвените“.

Проблемот бил што билетите почнале да се продаваат надвор од официјалните канали, а многумина кои ги купиле на таков начин на крајот биле изневерени.

– Во бројот на деактивирани сметки се вклучени и оние на кои им е забранет пристапот по истрагата, додека други се затворени поради сомнителни активности – нагласуваат од Ливерпул.

Ливерпул нагласи дека ќе продолжи да се занимава со случајот и ќе воспостави нови системи за заштита за сите што планираат да купат билети преку Интернет.

притисни ентер