Реформскиот процес за правосудството во фокусот на средбата Адеми - Филков

Претседателката на Врховниот суд на Република Македонија, Беса Адеми и министерот за правда, Игор Филков, остварија протоколарна средба.

На средбата, како што соопшти Врховниот суд, се дискутирало за повеќе прашања од областа на правосудството, со посебен акцент на спроведувањето на реформскиот процес, примената на законите и подзаконските акти и потребата од измени на нормативните решенија во согласност со заложбите за унапредување на правосудниот систем.

Адеми истакнала дека Врховниот суд на Република Македонија во континуитет презема активности за унапредување на ефикасноста, транспарентноста, јавната доверба, примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права и унапредувањето на судската практика.

Филков ги нагласил реформските чекори насочени кон градење на транспарентен и ефикасен правосуден систем и интензивните активности кои се преземаат на тој план.

Во таа насока, на средбата се истакнало значењето од взаемната соработка во спроведувањето на реформскиот процес согласно стратешките определби на државата и принципите на владеењето на правото.

Продолжи судењето за свирепото убиството на Вања и Панче

Во Кривичен суд утрово продолжи третото судењето на петмината обвинети за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

Денеска свој исказ дадоа повеќе сведоци меѓу кои и началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, кој кажа дека дека кога го пронашле телото на Вања, освен што била врзана, на телото немало други траги на насилств

Судењето го следи Михајло Видимлиски

Михајло, дали денеска се открија некој нови детали од овој монструозен чин?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Министерот Тошковски на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

На средбата, како што оопшти МВР, била потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.

-Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина, се наведува во соопштението од МВР.

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.

На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион.

Министерот Ѓека информираше дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.

Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.

притисни ентер