Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ

 Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат.

Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто.

Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто. На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти.

Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто.

Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН./МИА

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. /МИА

притисни ентер