Почитувани,
Изминатите 3 години Општина Конче го добива вистинскиот израз на модерна општина со очекуван квалитет кој ќе биде се поизразен во иднина. Гаранцијата за успешна работа е потврдена преку изградбата на општината во секој сегмент од секојдневното живеење , преку создавање на чиста и здрава животна средина.
Приоритет ни преставува зачувувањето на средината како дар од природата преку хорти културно уредување на повеќе локации во населените места и поставување на урбана опрема за уживање на секој граѓанин и добронамерен посетител.
Зимското одржување на улиците и локалните патишта се врши редовно со соодветна механизација од ЈП „Лакавица“ од Конче.
Редовно се врши чистење на дивите депонии и континуирано собирање на комуналниот отпад на секое домаќинство во општината.
На кровот на училишна зграда од ООУ Гоце Делчев поставени се фотоволтаици со моќност од 40kw, а исто така се изготви проектна документација за поставување на фотоволтаици на општинската зграда.
Во делот на водоводните системи:
Обезбедени се нови количини за вода за населеното место Габревци, преку изградена пумпна станица со потисен цевковод.
Извршивме реконструкција на каптажи за доводен цевковод за систем за водоснабдување за с.Ракитец.
Обезбедени се нови пумпи за водоводните системи за с.Дедино с.Ракитец.
Исто така се изврши реконструкција и проширување на дел од водоводната мрежа во с.Долни Липовиќ и с.Ракитец,
Моментално се подготвува техничка документација за реконструкција на водоводните системи за с.Конче, с.Лубница, и с.Долни Липовиќ, каде се направени пробни бушотини за обезбедување на нови количини за вода за потребите на сите граѓаните.
Во делот на канализационите системи
Во изминатиот период се изврши доградба на систем за фекална канализација во с.Конче со вкупна должина од 2100м., се изврши реконструкција односно доградба на систем за фекална канализација во с.Дедино и с.Долни Липовиќ.
За потребите на прочистување на отпадните води во с.Ракитец е изградена прочистителна станица за преработка и испуштање на отпадните води.
Во делот на транспортот и патната инфраструктура:
Извршена е реконструкција на локалниот пат с.Долни Липовиќ-с.Горни Липовиќ, со вкупна должина од 3,6км.
Реконструирани се и изградени улици во сите населени места во општина Конче со вкупна должина од 3500м.
Исто така извршено е партерно уредување на јавни површини на 12000м2, каде буквално се промени лицето на секое населено место со уредување на центрите, тротоарите , пристапните патеки и другите јавни површини.
Се изврши уредување, санирање и одржување на полските патишта на територијата на сите населени места од општина Конче.
Во делот на образованието:
Посебен акцент му даваме на образованието преку обезбедување на настава во современи услови , а особено би истакнале дека на годишно ниво постојано се врши стимулирање на учениците преку доделување паричен надомест на првачињата и на учениците од деветто одделение.
Се создаваат услови за рекреација и спортување преку опремување и осовременување на спортските терени и изградба на мултифункционални игралишта како што е случајот со ПОУ Гоце Делчев во с.Дедино.
Во делот на социјалната заштита:
Посебно мораме да истакнеме дека од почетокот започнавме со исплата на еднократна парична помош за склучени бракови за лица кои наполниле 35 години со вредносен ваучер од 100 000 денари.
Исто така како мерка спроведовме субвенционирање на новороденчиња и тоа за прво новороденче исплаќаме 10 000 ден ,за второ 20 000 денари, за трето 30 000 ден. и за секое наредно по 30 000 денари.
Во делот на спортот и младите:
Силно сме посветени на развојот на борењето преку БК Бучим –Шампиони од Конче, каде после неколку години почнаа да се нижат резултати како на домашни настапи така и меѓународни каде нашите претставници ја промовираат општината надвор од Република Македонија.
Секоја година традиционално се спроведува турнир во мал фудбал на отворено под рефлектори со значително вредни награди.
Исто така локално се одржуват натпревари од други спортови како што е спортскиот риболов, шахот и други спортски активности.
Во делот на ТУРИЗМОТ се заврши доградбата и уредувањето на конаците во манастирот Свети Стефан во Конче со обезбедени услови за сместување на гости и посетители со посебен амбиент.
Две години по ред се спроведува настанот ВелоФест кој е отворен за сите велосипедисти и авантуристи, лубителите на природата кои ги запознават убавините на езерото Мантово и општина Конче.
Изградени се летниковци на повеке локации, со опремување на урбана опрема и други потреби.
Во делот на културата:
По повод прославата на празникот на општина Конче 12-ти Јули-Петровден, секоја година се одржуваат настапи на културно уметнички друштва и реномирани пејачи и естрадни уметности.
Во изминатите години се одржаа повеке мегународни фестивали со промовирање на културата и традиционалните вредности од општина Конче.
Во населеното место во Лубница се изврши реконструкција на домот на културата, каде се овозможија услови за работа на повеќе НВО и активности на други граѓани.
Почитувани,
Ова беше накратко отчетот за три години работење, продолжуваме посветено чесно и одговорно.
Благодарам.
Златко Ристов, градоначалник на општина Конче