Рафаел Надал сепак се враќа на терените

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал конечно се враќа на теренот, а познато е и на кој турнир!

Имено, Рафа ќе учествува на АТП Мастерс 500 серијата во Барселона, а веќе е познато со кого ќе игра во првото коло.

Надал на големото враќање на терените ќе игра против Флави Коболи пред домашната публика, а доколку го совлада, во второто коло ќе игра против Алекс Де Минор, кој е слободен во првото коло.

Инаку, ова ќе биде прв турнир за Надал по Бризбејн, а треба да се напомене и дека на овој турнир нема да биде Новак Ѓоковиќ.

Прв носител на турнирот е сонародникот на Рафа, Карлос Алкараз, кој е слободен во првото коло.

Директорка на ГАК: Македонија може да се мери со светот, родено бебе од 61-годишна мајка

Македонија може да се мери со светски достигнувања, родено бебе од 61-годишна мајка .

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите.

Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва пациентка во државава која останала бремена со сопствена јајце клетка, бременоста била следена во земјава и породила во државава. Пациентката била породена во 36 г.н. со царски рез со уреден оперативен тек.

- Родено е живо машко бебе со родилна тежина од 2350 гр. и 48 см. И мајката и бебето се во одлична општа состојба. Мајката херој како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции, изјави Алексиовска Папестиев.

Таа додаде дека во текот на оваа бременост пациентката имала hypertensia (покачен крвен притисок) и diabet 2, но бременоста била уредна и контролирана.

- Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка, нагласи проф. д-р Алексиовска Папестиев.

Мајката и бебето денеска ќе бидат пуштени дома, а за бебето ќе се грижи и таткото кој има 65 години.

- Денес ги испраќаме дома бебето и родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме. На Петар и неговите родители им посакуваме одлично здравје, безгрижно детство и долги години на радост минати заедно со семејството, истакна директорката на Клиниката.

До неодамна најстара бремена пациентка била 60-годишна жена која, бидејќи не била граѓанин на нашата држава, породувањето го завршила во земјата од која потекнува.

Во регионот, највозрасна прворотка била Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка, како и Афифа (61г.) исто така од Србија која по три неуспешни инвитра, останала бремена. Во светот, најстари пациенти се 62-годишна пациентка од Шпанија и 76 годишна жена во Индија.

Инстаграм додаде подобрувања на директните пораки

Корисниците добиваат функции за споделување локација и можно е да додаваат прекари во приватни разговори.

Инстаграм ги подобри функциите за директни пораки (DM). Корисниците сега можат да споделуваат локации во живо со своите пријатели, што е корисно кога се среќаваат со некого на концерти и слични преполни места.

Покрај тоа, популарната социјална мрежа ви овозможува да додавате прекари во рамките на еден-на-еден или групни разговори, а сега има повеќе од 300 нови налепници кои можат да се споделат во „DM“.

Новата функција за споделување локација може да се вклучи до еден час и се прикажува само на луѓето во приватните директни пораки на корисникот. Локациите не може да се препратат надвор од тие разговори. Функцијата е стандардно исклучена, а корисникот ќе види индикатор „Ја споделувате вашата локација (You are sharing your location )“ на врвот на секоја тема за која е одобрена.

Од друга страна, додавањето прекари е можно за себе и за пријателите во „DM“. Тие прекари се појавуваат само во директни пораки и можете да изберете кој пријател во разговорот има дозвола да го промени вашиот прекар.

Извор: Б92

Македонскиот филм „М“ со ново Гран При, овојпат во Шведска

 Македонскиот филм „М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Фокус Покус, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска. 

-Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, подеднакво визуелно и тематски. Филм кој не’ остава со надеж, но и скршено срце, беше образложението на интернационалното жири.

Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хорор.

- Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела кои не стигнуваат во широка дистрбуција, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.

Следни проекции на филмот „М“ ќе се одржат на почетокот на декември, каде „М“ ќе ги има својата холандска и финска премиера - во рамките на официјалните селекции на фестивалот „Eastern Neighbors” во Хаг и Интернационалниот Скандинавски Филмски Фестивал во Хелсинки.

притисни ентер