Публиката со овации го испрати Рафаел Надал од Ролан Гарос, и покрај поразот (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше поразен во првото коло на Ролан Гарос од Александар Зверев со 3-0 (6:3, 7:6, 6:3) и со тоа многу веројатно за последен пат играше во Париз.

И покрај тоа што тоа не сакаше да го открие во изјавата по мечот, односно истакна дека не може да каже дека се збогувал засекогаш, претходните најави укажуваат дека најверојатно наскоро ќе се повлече од тенисот.

Публиката на стадионот „Филип Шатрије“ беше со него цело време, Шпанецот имаше многу шанси, но не ги искористи. На крајот од мечот беше пречекан со големи овации, што секако го заслужи со својот успех на овој терен.

Дури 14 пати го кренал пехарот во Париз, па не е чудно што е толку сакан на овој терен.

Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста

- Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.

- Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.

Тој додаде дека настанот го означува официјалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон.

- Исто така, последен пат ми е да зборувам овде како ваш претседател, во текот на оваа сезона, и да ви ја пренесам мојата благодарност, додаде тој.

- Затоа, дозволете ми да ви кажам, тоа беше честа на мојот живот, јас сум засекогаш благодарен, рече Бајден.

Помилувањето мисирки пред Денот на благодарноста, кој во Америка се слави последниот четврток во ноември, датира од претседателот Хари Труман во 1947 година, додека официјално стана традиција на Белата куќа во 1989 година, кога тогашниот претседател Џорџ Буш го понуди првото официјален претседателско помилување.

Најавено е дека Бајден подоцна денеска ќе отпатува за Стејтен Ајленд во Њујорк, каде што ќе присуствува на настанот „Денот на пријателите“ со припадниците на американската крајбрежна стража./МИА

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати

Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.

На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу.

Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.

Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН.

Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство./МИА

Боу Саб: Нема сериозни пречки за почеток на примирјето во Либан

Заменик-претседателот на либанскиот парламент, Елијас Боу Саб денеска изјави дека „нема сериозни пречки“ за да започне спроведувањето на американскиот предлог за 60-дневно примирје за прекин на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Тој рече дека едно од преостанатите прашања е кој ќе го надгледува прекинот на огнот.

Договорено е да се формира комисија составена од пет земји, што значи дека овој тим ќе биде одговорен за следење и надзор на прекинот на огнот, а со комисијата ќе претседаваат САД.

Либански и западни претставници изјавија дека САД ги информирале либанските власти дека прекинот на огнот може да биде објавен „во следните неколку часа“. /МИА

притисни ентер