Протест во Нови Сад: Неколкучасовна блокада на сообраќајот во близина на железничката станица

Активистите ги повторија барањата за оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во Нови Сад во организација на младинските организации СТАВ и Свиќе започна нов граѓански протест со барање одговорност за падот на настрешницата од железничката станица, кога на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Со оглед на тоа што власта се уште не одговорила на поставените барања, за одговорност на трагедијата и бранење од слобода на уапсените по протестите во Нови Сад, од Став и Свиќе соопштија дека „продолжува постепеното зголемување на притисокот и барикадите“ со што протестот започна во 12 часот и за време на неговото времетраење до 18 часот блокирана е раскрсницата кај Железничката станица.

Насобраните, околу 500 граѓани, ги прочитаа имињата на загинатите во несреќата и блокадата ја почнаа со едноминутно молчење. Беше развиен голем црн транспарент. На блокадата се бојадисуваше сликата на уплачен бел гулаб од уметникот Виктор Јан, на неколку пунктови граѓаните пишуваа писма до уапсените по претходните протести, а на една локација ги потопуваа рацете со црвена боја и оставаа „крвави отпечатоци“ како порака до надлежните дека рацете и се крвави и дека е одговорна за смртта на 14 лица.

Активистите ги повторија барањата за оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и кривична одговорност за лицата кои директно учествувале во реконструкцијата на зградата на Железничката станица, како и објавување на сите договори кои биле прогласени за државна тајна. Обвинија дека обвинителството е соучесник во прикривањето на делото, бидејќи досега никој не е осомничен за трагедијата, ниту пак обвинителството покрена истрага.

-Очајни сме, затоа што се наоѓаме на гробница, а не ни дозволуваат да ги оплакуваме луѓето што загинаа овде. На децата што загинаа овде, затоа што не ни дозволуваат да зборуваме за тоа. Секој што ќе почне да зборува за тоа е заплашен и уапсен. Па дури и да бидеме уапсени сите, одговорните за тоа не трпат никакви последици. Ќе дозволиме ли да не убедат дека тоа е новата реалност? Затоа сме денес овде, порача актерката Јелена Ступљанин.

Според последното соопштение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 13 ноември, досега се сослушани 66 лица, а тој ден беше најавено дека ќе бидат сослушани уште пет лица. Но, правните експерти посочија дека не се работи за сослушување потенцијални осомничени, туку за рутински разговори со граѓани кои можеби имаат информации за причините за трагедијата.

Оттаму додаваат дека се уште се работи за претистражна, а не за истражна постапка, што го потврдија и од обвинителството. Претходно обвинителството осум дена не се огласи за истрагата ниту одговараше на прашања на медиумите. /МИА

Судија го одложи изрекувањето на пресудата на Доналд Трамп

Судијата што го надгледуваше судењето на Доналд Трамп за перење пари, ја одложи неговата пресуда, која што била закажана за следната недела.

Судијата Хуан Меркан го одобри предлогот на Трамп за отфрлање на случајот - наредувајќи им да поднесат документи до 2 декември. Обвинителите добија наредба да одговорат до 9 декември.

Тимот на Трамп сакаше да ги достави своите документи до 20 декември.

Судијата, исто така, се согласи да го одложи одлучувањето за претседателскиот имунитет додека не ги разгледа брифовите на партиите.

Судијата не одредил нов датум на изрекување на пресудата, ниту пак дал дополнителни изјави за одложувањето.

Гардијан: НАТО и Украина ќе се сретнат во вторник поради рускиот ракетен напад

НАТО и Украина ќе се сретнат во вторник во Брисел за да разговараат за нападот на Русија со хиперсонични ракети со среден дострел, соопштија дипломатите.

Состанокот на советот НАТО-Украина ќе се одржи на амбасадорско ниво и го свика Киев по нападот на градот Днипро, соопштија официјални лица, пренесе Гардијан.

Вчера Русија за прв пат лансираше нова балистичка ракета над Украина.

Украинските воздухопловни сили првично изјавија дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, која била лансирана од регионот Астрахан, најверојатно од полигонот Капустин Јар.

Рускиот лидер Владимир Путин објави дека руската армија ја нападнала областа Дњепропетровск со ракетен систем со среден дострел Орешник.

Меси: Се чувствувам како жител на Барселона и сакам да се вратам таму

Легендата на Барселона, Лионел Меси призна дека му недостасува градот и регионот Каталонија.

Аргентинецот ги напушти во 2021 година за да се пресели во ПСЖ, а моментално е фудбалер на американскиот Интер Мајами.

-Моите деца се Каталонци и речиси цел живот го поминав таму. Вистината е дека се чувствувам како жител на Барселона и би сакал некогаш да се вратам овде. Бидејќи на мене, на моите деца и на мојата сопруга ни недостасува Барселона. Направивме многу спомени таму, изјави Меси за каталонското радио „Кат3“.

На 29 ноември, Барселона слави 125 години од создавањето на клубот и според шпанските медиуми, претседателот на Каталонците - Жоан Лапорта, го поканил Меси на прославата. Се вели дека 8-кратниот освојувач на „Златната топка“ се согласил да присуствува.

притисни ентер