Судија го одложи изрекувањето на пресудата на Доналд Трамп

Судијата што го надгледуваше судењето на Доналд Трамп за перење пари, ја одложи неговата пресуда, која што била закажана за следната недела.

Судијата Хуан Меркан го одобри предлогот на Трамп за отфрлање на случајот - наредувајќи им да поднесат документи до 2 декември. Обвинителите добија наредба да одговорат до 9 декември.

Тимот на Трамп сакаше да ги достави своите документи до 20 декември.

Судијата, исто така, се согласи да го одложи одлучувањето за претседателскиот имунитет додека не ги разгледа брифовите на партиите.

Судијата не одредил нов датум на изрекување на пресудата, ниту пак дал дополнителни изјави за одложувањето.

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

ТHE X3 - Модерноста, перформансите и спортскиот стил     достигнуваат нови нивоа: бестселерот започнува нова ера.

Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонската премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар со гордост го претстави новиот BMW X3, симбол на перформанси, удобност, дизајн и напредна технологија.

Со свежа, динамична аура, новиот BMW X3 ја истакнува својата спортска страна, нудејќи премиум корисничко искуство, извонредна агилност и великодушна пространост кои ги надминуваат очекувањата. Благодарение на иновативните технологии, како новиот инфозабавен систем и напредните безбедносни функции, секој момент во новиот BMW X3 е уникатно доживување.

„Со својата спортска привлечност, впечатлив дизајн и напредни техноглогии, новиот BMW X3 ја презема улогата на талентирано, сеопфатно возило за секојдневна употреба, слободни активности и удобни патувања. Новиот дизајнерски јазик на четвртата генерација на BMW X3 му дава импресивна надворешна појава и динамична грациозност. Висококвалитетните материјали, значително попространата стандардна спецификација, напредната дигитализација и новиот BMW iDrive со QuickSelect, заснован врз BMW Оперативен систем 9, го доловуваат премиум амбиентот во прогресивно дизајнираната кабина. Задоволството при возењето, безбедноста и удобноста на долги растојанија во новиот BMW X3, се должат на исклучително прецизното подесување на целокупната организација на автомобилот и широкиот избор на полуавтоматски системи за возење и паркирање“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Впечатливиот дизјан на новата едиција, многубројните иновации и неговата надградена стандардна спецификација, претставуваат идеална основа за испишување на уште едно поглавје во успешната приказна на BMW X3. Уште од неговото првично воведување во премиум класата на SAV сегментот со средна големина, овој модел има клучна улога за постојаниот раст на популарноста на BMW X моделите, a беше и најпродаван модел на брендот во 2023 година.

Со новиот дизајнерски јазик BMW X3 добива речиси монолитен, целокупен изглед. Новиот BMW X3 е 34 милиметри подолг од својот претходник, додека ширината е зголемена за 29 милиметри. Заедно со 25-милиметарското намалување на висината на возилото и поширокит став, автомобилот добива нови пропорции кои му ја нагласуваат динамичноста и спортскиот изглед. Големата BMW бубрежна решетка, со опционалното контурно осветлување BMW Iconic Glow, му дава моќна и самоуверена појава.

Портфолиото на погонски склопови на новиот BMW X3 се состои не само од мошне ефикасни бензински и дизел мотори туку и од plug-in hybrid систем од најновата генерација, што му овозможува на новиот BMW X3 30e xDrive комбинирана погонска моќност до 293 kW/398 кс и способности за динамични перформанси што ги засенуваат неговите ривали.

Новиот BMW X3 е веќе вo продажба и достапни се четири варијанти на моделот почнувајќи од 70.890 €.

Следните модели се веќе достапни во понудата: X3 20d xDrive, X3 20 бензин xDrive, X3 M50 бензин xDrive и X3 30e xDrive. Електричната верзија на новиот BMW X3 ќе биде првaта едиција на Neue Klasse, која ќе се разликува од постоечките модели, а неговото претставување на пазарот ќе започне во четвртото тромесечје на 2025 година. BMW X3 се произведува во фабриката на BMW Group во Спартанбург (САД) и во фабриката Рослин (Јужна Африка) со производствен процес што се фокусира на зачувување на ресурсите и циркуларност.

За да го запознате одблиску и за повеќе информации, обратете се во М Кар BMW Македонија.

Покрај новиот BMW X3, на денешната промоција за прв пат пред македонската јавност беше презентиран и ексклузивниот BMW M5 Седан. Новиот BMW M5 Седан ги поместува границите, поставувајќи совршена формула за баланс на шасија, реакција на управувачот и моќ во сооднос со тежината. Неговиот V8 би-турбо засилен со електро-мотор испорачува 727 КС и ги пренесува на сите тркала. На кратко, тоа е сè што ја прави BMW врвна машина за возење.

Турските рудари штрајкуваат против приватизацијата, се закануваат со штрајк со глад

Скоро 500 рудари зазедоа рудник за јаглен во турската провинција Анкара, протестирајќи против планираната приватизација на рудникот, изјави денеска претставник на синдикатот за АФП.

Снимател на АФП денеска видел мала група рудари со шлемови како седат околу оган пред рудник во Чајирхан, во близина на градот Налихан. Пристапот до рудникот е блокиран, пренсе Хаберлер.

„Рударите се загрижени за својата иднина, безбедноста на работното место и условите за работа“, рече Талих Кочабијик, претставник на синдикатот „Маден-Ис“.

Рударите, кои се повлекоа во рудникот на длабочина од 300 метри, се закануваат дека ќе започнат штрајк со глад доколку не се прекине приватизацијата на рудникот и електраната во Чајирхан.

„Се трудиме да си го заштитиме лебот. Ќе одиме до крај“, рече еден од рударите, Осман Казан.

Турција, која сè уште е во голема мера зависна од својот јаглен, беше длабоко погодена од несреќата во рудникот Сома во западниот дел на земјата во 2014 година, кога 301 рудар загинаа по експлозија и пожар што предизвика уривање на рудникот. Рудникот беше приватизиран во 2005 година. Оттогаш, во турските рудници се случија неколку фатални несреќи.

Рударите вчера беа поддржани од лидерот на најголемата турска опозициска партија ЦХП (Социјалдемократи) Озгур Озел и нивниот градоначалник на Анкара Мансур Јавас.

„По приватизациите има отпуштања, притисок врз производството и загриженост за безбедноста на работните места... Затоа се спротивставуваме на таа приватизација“, рече Озел.

Тренд на француските улици: Азурниот брег е преплавен од автомобили со тестиси (ФОТО)

На улиците на Азурниот брег се појавија автомобили со „тестиси“, реплики од глина.

Le Parisien наведува дека станува збор за протест поради неодамнешната смрт на велосипедистот Пол Вари, кој пред еден месец беше убиен од возач на џип на велосипедска патека во Париз, објави Јутарњи.

Зад „нападот на тестисите“ на сопствениците на теренци стои францускиот уметник TooLate, кој својата изведба ја нарекува „Auto Balls“.

„Целта на провокативната акција е да се осуди машкото возачко однесување кое е идентификувано како една од главните причини за сообраќајни несреќи со фатални последици“, објаснува TooLate и додава дека околу 50 автомобили досега биле „украсени“ со тестиси.

Сепак, тој нема намера да застане на таа бројка, па гордите возачи во Монако и другите градови на Азурниот брег наскоро би можеле да најдат нов моден додаток на своите автомобили.

Акцијата беше поттикната од гневот на „нескротливата машкост“ на арогантните возачи, а целта е да се предупреди јавноста за агресивното однесување кое го создаваат возачите на џипови.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, минатиот месец на патиштата загинале 14 велосипедисти, а 200 се тешко повредени.

притисни ентер