Пронајдени мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, вчера во 14:30 часот во село Богородица, гевгелиско, ги лишиле од слобода Ф.С. (21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција.

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, вчера во 14:30 часот во село Богородица, гевгелиско, ги лишиле од слобода Ф.С. (21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, при контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник.

Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со еден клик до Вашето ново работно место

“JobLink by DEKRA” – ЗА СИТЕ НАС, нов портал кој ги поврзува барателите на работа и работодавачите.

Развојот на нова и корисна технологија од ден на ден е се поважна за личниот и професионалниот живот. Модерното живеење бара решенија кои го олеснуваат пристапот до информации и услуги. ДЕКРА Македонија како долгогодишен креатор на ХР сцената кај нас, ги препозна овие барања и започна проект за креирање на нов интерактивен портал “JobLink by DEKRA” кој е креиран да биде вистинско решение преку кое кандидатите за работа ќе ја пронајдат работната позиција која ја посакуваат, а компаниите во своите редови ќе ги добијат најдобрите професионалци, но воедно да добијат простор каде може да ги презентираат своите компании, вработени, производи, вредности низ призмата на ХР-от како наша водилка.

Нашата мисија е јасна, како силна заедница ги спојуваме луѓето и работата и заедно креираме синергија. Ги разбираме предизвиците со кои се соочува денешниот пазар на труд и посветени сме да обезбедиме простор каде докажаните партнери ќе можат да се здружат за да создадат успешна соработка. При имплементација на решението создадовме алгоритми, преку кои порталот ги поврзува барателите на работа со можностите кои се усогласени со нивните вештини и аспирации, а компаниите отсега можат лесно да објавуваат огласи за слободни работни позиции, да ги следат апликантите и ефикасно да управуваат со нивните процеси на вработување на едно ново, повисоко ниво – изјави Дејан Чекаров, Извршен Директор на ДЕКРА Арбеит Македонија.

Нашиот тим од експерти има долгогодишно искуство во секторот за вработување, а Декра Македонија има силни партнерства со водечки компании во целиот регион. Создавањето доверба е долготраен процес. Клиентите бараат квалитетна услуга, а ние сме задолжени да им обезбедиме широк опсег на можности. Затоа дадовме голема поддршка Декра Македонија да го имплементира ова решение. Огромно е задоволството кога вакви иницијативи доаѓаат од помал економски пазар, но ете токму тој мал пазар има што да понуди. Преку долгогодишното делување, можеме да оцениме дека овој портал значи многу за олеснување на процесите за компаниите но и за кандидатите- изјави Сузана Бернхард, Потпретседател на Групацијата ДЕКРА-Германија.

DekraJobLink.mk” веќе од денес е достапен за сите корисници.

Внесете ги Вашите податоци за регистрација и чекајте ја вистинската можност за Вашиот натамошен професионален развој.

СДСМ: Итно да се врати бесплатниот пристап на новинарите до Централниот регистар

Одлуката на актуелната власт да го укине бесплатниот пристап на новинарите до информациите од Централниот регистар претставува директен напад врз слободата на медиумите и уште еден очигледен чекор кон намалување на транспарентноста во државата.

Оваа одлука е обид да се забави работата на новинарите и да се спречи нивната брза и ефикасна истрага за теми од јавен интерес. Со ова, Владата не само што ги гуши медиумите, туку и го загрозува правото на граѓаните да бидат информирани за случувањата во земјата.

Да потсетиме, уште од 2017 година, благодарение на одлуката на Владата предводена од СДСМ, новинарите имаа бесплатен пристап до базата на Централниот регистар, со што можеше брзо и ефикасно да се обезбедат потребните податоци за истражувачките новинарски стории. Со сегашната одлука, ова право се укинува, што дополнително го ограничува пристапот до информации од јавен карактер, кои се клучни за транспарентноста и отчетноста на власта.

Актуелното раководство на Централниот регистар одлучи дека оваа одлука на претходната влада „не е во согласност со законот“, според кој бесплатен пристап имаат само корисниците на средства од Буџетот на Република Северна Македонија, но не и новинарите. Ова е неприфатливо и претставува брутален обид за замолчување на медиумите и ограничување на нивната улога во контролата врз власта.

СДСМ најостро ја осудува оваа одлука и бара итно да се врати бесплатниот пристап на новинарите до Централниот регистар! Власта нема право да ги спречува новинарите во нивната работа и да ја урива транспарентноста која е темел на демократијата. Новинарите мора да имаат слободен пристап до сите информации кои се во интерес на јавноста, за доброто на граѓаните и на нашето општество.

Транспарентноста е должност, а не право кое треба да се ускратува!

СДСМ

Северна Италија погодена од невреме кое предизвика поплави и прекини во сообраќајот

Северот на Италија е зафатено од невреме кое предизвика лизгање на земјиштето и поплави, поради што железничкиот сообраќај е запрен, а училиштата на некои места беа затворени.

Невремето посебно го погоди северозападниот регион Лигурија.

Два лета кон Џенова беа пренасочени за Пиза и Торино, додека летовите од Рим и Пиза беа пренасочени за Катанија или откажани. Во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја е вклучен портокалов аларм, каде што училишта се затворени, пренесува „Стампа“.

Надлежните служби наведуваат дека невремето денеска ќе ја погоди и Ломбардија и Тоскана. Особено внимание е посветено на провинциите Парма и Пјаченца, како и на планинските и ридските области на покраината Реџо Емилија.

Во Милано е вклучен жолт метеоаларм поради опасност од поплави на двете реки Севезо и Ламбро. Надлежните апелираа до граѓаните да не се задржуваат во близина на дрвја, скелиња и градилишта за време на невремето.

притисни ентер