Пронајден е мртов „свиркачот“ од OpenAI- предупреди на злоупотреби на податоци

Истражувач на OpenAI кој стана свиркач е пронајден мртов во стан во Сан Франциско, соопштија властите.

Телото на Сучир Балаџи (26) е откриено на 26 ноември откако полицијата добила повик да ја провери неговата состојба, објави Би-Би-Си.

Судскиот совет во Сан Франциско пресуди дека станува збор за самоубиство, а полицијата не нашла докази за злосторство, според извештајот.

Во последниве месеци, Балаџи јавно се изјасни против практиките на OpenAI, која се соочува со неколку тужби поврзани со нејзините методи за собирање податоци.

Во октомври, Њујорк Тајмс објави интервју со Балаџи во кое тој тврди дека OpenAI го прекршил американскиот закон за авторски права за време на развојот на неговиот популарен онлајн чат-бот ChatGPT.

Во написот се наведува дека по четири години работа во компанијата како истражувач, Балаџи заклучил дека „користењето на сопственички податоци од страна на OpenAI за развој на ChatGPT го прекршило законот и дека технологиите како ChatGPT му штетат на Интернетот“.

OpenAI тврди дека неговите модели се „обучени за јавно достапни податоци“.

Балаџи ја напушти компанијата во август, велејќи за Њујорк Тајмс дека оттогаш работи на приватни проекти.

ЈО оформи предмет по допрен глас, ќе истражува кој го следел Мицкоски

Откако вчера премиерот Мицкоски изјави дека претходната власт во изборната 2020 година го следела него како лидер на најголемата опозициска партија за наводна организација на паравоена формација,Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас.

Обвинителството по допрен глас отвори предмет по вчерашната изјава на претеседателот на владата на Христијан Мицкоски кој посочи од собраниска говорница дека „една од разузнавачките институции го следеле и него и неговото семејство. Како причина за следењто е дека тој бил „нарачател и финансиер на пара-полициско воено-вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“.

„Обвинителство веќе има оформено предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на претседателот на Владата, за што јавниот обвинител денешната средба веќе го информираше и премиерот. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите. Обвинителство ќе ги преземе сите неопходни активности за да ги испита својства на можни инволвирани лица и евентуални инкриминарни дејствија, велат од Јавното Обвинителство.“

Мицкоски и вчера посочи дека една од безбедносните агенции располагала со наводни информации дека е организатор на вооружени терористички структури, а оти за тоа не го информирала. Затоа според него се поставува прашањето зошто безбедносната агенција не го информирала МВР.

„Одговорот е јасен. Затоа што тогаш имаше техничка влада, а технички министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев. Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ. За останатото, оставам на Обвинителството, а за тоа зборувавме и со обвинителот сега на настанот, да допре гласот до ЈО, па да видиме дали ЈО понатаму ќе преземе некакви мерки.“ – рече Мицкоски.

„Цилиндар“ и „Џокер“ се кодните имиња на измислените лица кои, според премиерот, се креирани од разузнавачките служби, во пресрет на изборите во 2020 година, кога беше во опозиција, со цел да создадат алиби за негово следење.

Сондата на НАСА го „допре“ Сонцето и преживеа- прати сигнал и го собори рекордот (ВИДЕО)

Соларната сонда Паркер успешно го „допре“ Сонцето.

Паркер се приближи на најблиската ѕвезда на само 6,1 милиони километри, летајќи низ надворешната атмосфера наречена корона на 24 декември, а денес конечно испрати сигнал дека го преживеала тој лет, објави американската вселенска агенција НАСА.

Сондата Паркер постави и нов брзински рекорд (кој и самата го држеше) - се движеше со брзина до 692.000 километри на час. Ова го потврди статусот на најбрзиот објект направен од човек.

За време на летот низ короната, сондата издржала температури до 982 Целзиусови степени, се вели во соопштението на НАСА.

– По рекордно приближување до Сонцето, сондата Паркер Солар на НАСА испрати сигнал до Земјата што укажува дека е во добра состојба и нормално функционира – објави американската агенција.

Сондата летала во автономен режим и била надвор од зоната за комуникација со Земјата, а дури на полноќ Паркер испратил сигнал за контрола кој го потврдил успехот на мисијата. Научните податоци собрани за време на летот ќе пристигнат на Земјата во наредните денови и ќе биде потребно време да се анализираат.

Паркер Солар беше лансирана во август 2018 година како дел од седумгодишната мисија за понатамошно проучување на Сонцето и предвидување на временските настани во вселената кои би можеле да влијаат на животот на Земјата. Името го носи по Јуџин Паркер, американски соларен физичар, кој почина во 2022 година на 95-годишна возраст.

Како што велат некои научници, кога растојанието помеѓу Сонцето и Земјата би било како фудбалско игралиште, сондата Паркер би била во просторот од пет метри на ѕвездата најблиску до нас.

Научниците се надеваат дека конечно ќе откријат зошто Сончевата корона е стотици пати потопла од површината, како и што ги придвижува сончевите ветрови.

Претходниот рекорд за брзина на сондата Паркер беше 635.266 километри на час. Ако вселенското летало на Земјата би имало ваква брзина, би можело да направи 15 кругови околу планетата за еден час или да лета од Њујорк до Лос Анџелес за нешто повеќе од 20 секунди.

Испитани се 87 сведоци во постапката за падот на настрешницата во Нови Сад,кога загинаа 15 луѓе

Во рамките на истрагата за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а две лица се тешко повредени, сослушани се вкупно 87 сведоци.

Покрај сведоците во оваа истрага што ја води Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, сослушани се и седум вештаци, дознава Танјуг, пренесе Телеграф.

Според сознанијата на Танјуг, досега се сослушани сите планирани сведоци.

На крајот од истрагата се очекува обвинителството да поднесе обвинителен акт.

Наредбата за спроведување на истрагата вклучувала 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ.

Од 13 уапсени, 10 лица се во притвор, додека двајца се во домашен притвор.

Постапката е против Ј.Т. поранешен в.д Генералниот директор на „Српска железничка инфраструктура“, Г.В. поранешниот министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. поранешен в.д помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. поранешниот генерален директор на „Железничка инфраструктура на Србија“ поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешко дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.

Исто така, во наредбата е вклучен и С.Н. одговорен проектант на градежната конструкција, М.Ј. главен проектант на идејниот проект, Љ.М.М. главен проектант на проектот за одобрение за градба, М.С. известувач за градби на Републичката ревизиска комисија, Ј.С.М. одговорно лице за техничка контрола, З.С.М. и Д.Ј. лица одговорни за градежни работи, М.Г. и Д.Т. лица одговорни за професионален надзор поради сомнение дека сториле кривично дело тешко дело против општата безбедност во врска со кривичното дело неправилно и неправилно изведување градежни работи.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 лица, меѓу кои и Македонецот Васко Саздовски, а две лица се тешко повредени.

притисни ентер