Продолжуваат нападите на ИДФ врз цели во јужните делови на Бејрут

Израелската армија (ИДФ) синоќа изврши најмалку два воздушни напада врз јужните делови на главниот град на Либан, Бејрут, соопшти либанските безбедносни сили.

Претходно израелската армија предупреди дека ќе напаѓа објекти на Хезболах во јужните предградија на Бејрут и ги повика граѓаните да се евакуираат.

Додека утрово израелската армија почна „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан.

ИДФ во соопштението наведе дека „прави сè што е потребно за да ги заштити граѓаните на Израел и да ги врати жителите на северен Израел во нивните домови“.

Кривична пријава против 18 службени лица за злоупотреба на службена положба

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце....

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против 18 службени лица, од кои 12 се полициски службеници - припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од МВР.

Наполи му нуди нов договор на Кварацхелија со плата од шест милиони евра годишно

Раководството на калчолигашот Наполи преговара за нов договор со крилниот напаѓач Квича Кварацхелија, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Наполитанците контактирале со агентот на фудбалерот за да разговараат за можноста за потпишување нов договор. Двете страни ќе одржат уште една средба во следните неколку недели.

Наполи му понуди на 23-годишниот Грузиец договор според кој играчот ќе може да заработува шест милиони евра годишно со бонуси - слична плата како напаѓачот на тимот Ромелу Лукаку.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола и направи две асистенции на осум натпревари за тимот.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија е 4,6 милиони евра годишно.

Асанж: Слободен сум бидејќи признав вина за новинарството

 Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (53) денеска изјави дека е ослободен од затвор затоа што се изјаснил за виновен за новинарство, а не затоа што функционирал правниот систем, објави Гардијан.

Тој им рече на европските парламентарци дека е неопходно да се изјасни за виновен по обвиненијата за американска шпионажа бидејќи правните и политичките напори за заштита на неговата слобода не се доволни, пишува Гардијан.

-На крајот ја избрав слободата наместо недостижна правда. Денеска сум на слобода по години поминати во затвор затоа што се изјаснив за виновен за новинарство, рече Асанж пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа на ПССЕ во Стразбур во своето прво јавно обраќање по неговото ослободување во јуни.

Тој рече дека се надева оти неговото денешно сведочење може да послужи за да ги истакне слабостите на постојните заштитни мерки и да им помогне на оние чии случаи се помалку јавни, но кои се исто толку ранливи. Асанж рече дека слободата на говор е на „мрачна раскрсница“.

Асанж истакна дека новинарите не треба да бидат прогонувани затоа што ја вршат својата работа.

-Новинарството не е криминал, нагласи Асанж.

притисни ентер